Оваа година, повторно покажавме што значи да се создаде магија за најмалите!
Новогодишната забава за децата на нашите вработени беше ден исполнет со радости, смеа и волшебни моменти што ќе се паметат цела година. Уште еднаш ја потврдивме нашата посветеност кон грижата за семејството, организирајќи ја нашата незаборавна предновогодишна забава.
Дечињата се дружеа со Дедо Мраз, се разбуди нивната креативност на уникатните работилници за украсување лампиони и изработка на празнични фигури, и танцуваа до бескрај на празничната диско-забава. Се чувствуваше дека празниците пристигнале – со полни срца и сјај во детските очи!
Грижата за семејството – дел од нашата корпоративна култура
Во Телеком, празничните активности за најмалите се повеќе од обичен настан – тие се доказ за нашата верба во важноста на семејните вредности и заеднички моменти. Освен со прекрасните и магични новогодишни пакетчиња од Дедо Мраз, децата си заминаа и со убави спомени што ќе ги паметат долго.
“Веруваме дека нашите вработени се нашето најголемо богатство, а грижата за нив и нивните семејства е дел од нашата култура. Среќата на децата е најубавата енергија што можеме да ја споделиме и најубавиот подарок за сите нас. Да се потсетиме дека празниците се момент за заедништво, радост и искрена љубов ” истакна Ставрос Георгакопулос, Лидер на вработени и трансформација.
Моментите што градат спомени
Во секој агол од просториите се создаваа мали чуда – од радоста и возбудата кај децата кога го добиваа своето новогодишно пакетче, па се до нивниот креативен дух на работилниците. И сето тоа беше исполнето со топлина, организација и внимание до последен детаљ.
Мисија: Среќни празници за сите
Во Македонски Телеком веруваме дека празниците се време за инспирација и поврзување – и не само со работата, туку и со луѓето што ги сакаме најмногу. Преку вакви активности, се потсетуваме дека грижата за вработените оди подлабоко од нивното работно место. На овој начин, ние не само што градиме посилна заедница, туку и потсетуваме дека секој од нас може да биде дел од нешто поголемо и поубаво, а вработените и нивните семејства се центарот на нашата приказна.
Среќни празници од сите нас! Нека магијата продолжи и во Новата година!
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.