Обновена и пуштена во употреба бензинската станица на „Макпетрол“ во Македонски Брод

од 24HR

„Макпетрол“ АД е компанија која постојано се труди да ги задоволи потребите на своите потрошувачи и да им овозможи квалитетно, сигурно и економично снабдување со нафтени деривати, гас и био горива.

Токму поради тоа, во изминатиот период, „Макпетрол“ АД, најголемиот дистрибутер на горива во државата, постојано инвестира во обнова на своите бензински станици, со цел подобрување и осовременување на својата мрежа на услужни објекти.

Овој пат, започна да работи обновената бензинска станица, лоцирана во Македонски Брод. Станицата сега доби современ и функционален изглед, задоволувајќи ги највисоките технички и безбедносни стандарди. Достапност кон квалитетните производи и услуги потрошувачите имаат секој ден во неделата, од шест часот наутро, па сè до 22 часот.

На бензинската станица се достапни сите квалитетни горива на „Макпетрол“ од новата генерација ULTRA горива базирани на технологијата Dual Action Technology, вклучувајќи и течниот нафтен гас за возила (ТНГ), а во продажниот објект на бензинската станица на потрошувачите им стои на располагање широк избор на производи од дополнителниот асортиман

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...