Одделот за човечки ресурси на А1 Македонија со нова апликација A1 Sick Leave

од 24HR

Јовица Свилар, Експерт за плата и бенефиции и Драгана Ѓорѓијоска, Специјалист за плата и аналитика на вработени во А1 Македонија изминатите неколку месеци работеа на развивање на интерна апликација A1 Sick Leave, преку која сите членови на А1 тимот добиваат можност за дигитално отворање, следење и затворање отсуствa по основ на боледување.

  1. Што претставува апликацијата A1 Sick Leave?

Драгана: Една од главните цели на апликацијата A1 Sick Leave e дигитализација, автоматизација и најважно од се креирање на едноставни и практични решенија коишто ќе ја олеснат работата на сите колеги во А1 Македонија.

Апликацијата A1 Sick Leave е решение преку кое колегите добија можност за брзо и лесно отворање, следење и затворање на отсуствa по основ на боледување. Отсега, колегите можат сами да отворат боледување, да ги додадат потребните документи, да добијат известување доколку нешто недостасува, а во исто време автоматски да испратат информација за боледување до нивниот раководител и до одделот за човечки ресурси.

  • Покрај тоа што овозможува самостојно внесување на отсуство по основ на боледување дали нуди и други опции?

Јовица: Како и за секој новитет потребно е сите колеги да бидат запознаени како функционира апликацијата. За таа цел направивме кратко видео упатство во кое на визуелен начин се прикажани сите чекори од процесот. Самата апликација нуди опција за комплетна и целосна евиденција по основ на сите категории на боледувања (тип, должина и повторувања ) со која на колегите им се овозможува на брз и лесен начин да го завршат овој административен процес. Со имплементација на ова решение повеќе нема непотребна и збунувачка е-мејл комуникација. Исто така, дури и да дојде до некаков пропуст или колегата да не внесе некој документ ќе добие известување и ќе може за брзо време да направи корекција. Во апликацијата е вклучена и информативна секција за колегите да бидат во тек со сите новости, информации и процедури за отсуствата по основ на боледување. Дополнителна можност којашто ја нуди апликацијата е форма за пријавување на член од семејство во ФЗО.

  • Кои се бенефити од апликацијата?

Драгана: Главната придобивка од апликацијата е самата автоматизација и дигитализација на процесот. Истата заштедува време кое е едно од највредните ресурси. A1 MK Sick Leave е едноставна за користење, а таа е веќе достапна и адаптирана, за користење од службен компјутер, како и од мобилен телефон.

  • Дали апликацијата е најава за автоматизација на други алатки од одделот за човечки ресурси?

Јовица: Апликацијата A1 Sick Leave е само почетокот на процесот на дигитализација во рамки на одделот за човечки ресурси. Во најава е автоматизација и на други алатки и процеси коишто се есенцијални за оптималното работење на овој сектор, а воедно и функционирањето на целата компанија. Веруваме дека ова е еден мал чекор во поглед на подобрување на искуството на интерните процеси на А1 тимот.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...