Пакетот бенефиции за вработените станува се поважен инструмент за работодавачите од перспективните индустрии

од 24HR

Колумна на Маријана Андриќ – основач на МАРАНД КОНСУЛТАНТИ.

Дали при регрутација и селекција на кандидатите им го презентирате целокупниот пакет на бенефиции кои им следуваат на вработените во Вашата компанија? Дали Вашите вработени се запознаени со условите за користење на одделни бенефиции кои им следуваат? Дали можете лесно и едноставно да дојдете до податок за вкупиот трошок по вработен имајки ги во предвид сите елементи кои ја сочинуваат цената на работната сила?

Одговорите на овие прашања водат кон потребата од креирање на интерни акти каде ќе бидат специфицирани бенефициите кои им следуваат на вработените а кои немаат исклучиво финансиски облик.

Покрај платата, додатоците на плата, надоместоците на плата при отсуство од работа и надоместоците на трошоците од работен однос кај секој работодавач се сретнуваат дополнителни ставки на трошоци за вработените кои произлегуваат од други финансиски и нефинансики “давања“ или бенефиции за вработените. Структурата на тие дополнителни бенефиции е условена од различни параметри во различни дејности, претпријатија, култури, економии. Секако најкомплексна би била кај индустриите кои се соочуваат со дефицит на кадри а би ги именувале како “перспективни“ поради нивната атрактивност на пазарот на работна сила. Работодавачите од ИТ индустријата, БПО индустријата и генерално извозниците на услуги кои се извршуваат далеченски подготвуваат пакети за вработените кои се повеке излегуваат од традиционалните рамки. Појдовна точка би била дистингцијата помеѓу давањата кои на работниците им следуваат согласно закон и оние кои работодавачот ги утврдува на доброволна основа и кои би можеле да се идентификуваат со поимот наградување.

Законот за работни односи на РМ дефинира елементи од кои е составена платата при што познавањето и идентификувањето на терминот основна плата е појдовна точка за натамошно градење на пакетот бенефиции. Терминот основна плата е неопходен елемент кога се зборува за плакање на работата. Истиот е задолжителен во договорот за вработување независно дали истата ке се предвиди во бруто или нето износ. Во Законот и колективните договори се уредуваат сите останати елементи за плаќање на работата кои не треба да се поистоветуваат со терминот награди. Тоа се надоместоците при отсуство од работа, додатоците за работа во услови различни од редовните (ноќна, прекувремена работа, работа на празник и сл.) како и надоместоци на трошоци поврзани со работата (регрес за годишен одмор, дневници за службен пат, надоместок за одвоен живот, теренски додаток и слично)

Поимот наградување се поврзува со подготвеноста на работодавачот да стави на располагање буџет за вработените поголем од оној кој ги содржи само законските елементи. Независно од формата која ја имаат овие бенефиции кои најчесто неможат едноставно да се прикажат финансиски, прецизната пресметка на вкупниот трошок за работодавачот е од исклучително значење за двете страни. Работодавачот мора да биде подготвен за правилна алокација на трошоците а вработениот треба да биде свесен за вкупниот трошок кој го предизвикува неговото работно место.

Како најчести награди/дополнителни давања/бенефиции кои ги користат работодавачите се сретнуваат :

  • Бонуси како работна успешност – составен дел на плата
  • Дополнително здравствено осигурување
  • Животно осигурување
  • Дополнително учество во пензиски фондови
  • Користење службен автомобил
  • Бескаматни кредити
  • Наградни патувања за вработениот и членови на семејството
  • Спорт и разонода
  • Исхрана над законски предвидената (платени оброци во ресторани, барови и сл.)
  • Надомест за згрижување на деца
  • Учество во добивката на друштвото
  • Ушество во капитал на друштвото
  • Награда за новороденче
  • Стипендии за членови на семејството
  • Платена едукација која на е врзана со квалификациите на работнто место и многу други.

Вкупниот трошок за овие давања најчесто вклучува дополнителни давачки (даноци и придонеси) невидливи на прв поглед.

За авторот:

Маријана Андриќ е основач на МАРАНД КОНСУЛТАНТИ www.marand.com.mk консултантска куќа која повеќе од 15 години врши услуги за пресметка на плати за најразлични работодавачи и индустрии користејки софистицирани алатки за пресметка и размена на документација врзана за податоците за мерење на учинокот.  Има повеќегодишно едукативно искуство во областа на финансиските аспекти на човечки ресурси. Таа е долгогодишен предавач на Академијата за човечки ресурси за модул Плати, наградување и финансиски аспекти во ХР (2010-2021).

0 коментар
2

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...