Performance Management-Дали е навистина толку важен систем?

од 24HR

Колумната на Марија Ангелкоски – студент на Академијата за човечки ресурси во Creative Hub Macedonia

Дали ви се случило во некој период од вашата кариера да не ви се оди на работа? Причините можат да бидат многубројни, од премореност до губење на желбата за работа. Но, што ако овој проблем се провлекува една година, две години, три години . . . Стануваме како роботи, повторувајќи едни исти работни обврски. И притоа, не добиваме никаков фидбек за нашата работа, дали ја вршиме добро, дали ја вршиме лошо.

За жал дури 50 % од вработените не им е јасно што точно е нивната улога на работното место. Кои се нивните краткорочни и долгорочни цели што сакаат да ги постигнат.

Performance Management е систем на оценка на работењето на вработените. Притоа се водат редовни разговори насочени кон иднината преку континуиран преглед.

Ова бара искреност и од страна на менаџерите и од страна на вработените. Можеби и тоа е една од причините зошто некои компании избегнуваат да користат Performance Management.

За да напредуваме во нашиот кариерен пат мора да бидеме самокритични. Да се биде самокритичен значи дека сме доволно храбри да бидеме искрени со себе си, да ги сознаеме нашите слабости и да работиме на нив. Замислете што ќе се случи кога секој од нас ќе биде спремен да работи на себе и да го дава најдоброто. Подобра комуникација шеф – вработен, секој од нас ќе има цел на работното место, а со тоа и мотивација, двигател. Сето ова допринесува до растот на компанијата.

Performance Management е можеби најзначајниот процес што треба да го знае секој менаџер на човечки ресурси. Тоа е прекрасна алатка за личен и кариерен развој. Како почетник во мојата кариера ќе се трудам да се подобрувам во моите вештини за Performance Management и со тоа да влијаам на кариерниот развој на сите вработени во компанијата во која ќе работам.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...