Победничка организациска култура

од 24HR

Колумна на Маринела Бошкоски-Менаџер за човечки ресурси во Telelink Infra Services Macedonia

Секоја организација има компаниска култура, без разлика дали е случајно или намерно култивирана.

Организациската култура ги претставува основните верувања, вредности и начини на интеракција меѓу вработените кои придонесуваат за уникатната социјална и психолошка средина на една организација.

Таа ги поврзува визијата и вредностите на организацијата со ангажманот и среќата на вработените, нивната продуктивност и нивната лојалност.

Организациската култура може или да ги зајакне или да ги разниша долгорочните цели на организацијата.

Ако сакаме подобро да ја разбереме нашата компаниска култура, треба да ги погледнеме приоритетите на компанијата. Приоритетите, целите и иницијативите откриваат што вреднува една организација.

Сите сакаме да работиме во поттикнувачка и позитивна организациска култура.

Со поттикнувачка организациска култура се максимизира ангажманот на вработените, се намалува флуктуацијата и организација станува поатрактивна за потенцијалните вработени.

Во прилог се предлози кои можат да помогнат во градењето на победничка организациска култура:

1. Дефинирање на организациската култура со придонес од вработените

Треба да сме свесни што ги инспирира нашите вработени во секојдневниот живот и нивната пасија да ја претвориме во активност за придонес кон компанијата, вработените, околината во која делуваме…

2. Опремете ги вработените за успех уште од првиот ден

Преку On-boarding процесот имаме задача да им помогнеме на новите вработени да се осигураат дека ја донеле вистинската одлука да се приклучат на нашата организација. Подготовката на потребните алатки за работа на нивниот прв ден, вклучувајќи ја опремата, материјалите и пристапот што  ќе им треба за извршување на работата, се еден од основните фактори за добредојде. Треба да обезбедиме ментор кој е континуирано достапен за нив.  И на крај, од клучно значење е управувањето со очекувањата , споделете информација до вработените за нивните лични цели по првиот  месец, квартал, шест месеци…

3. Негувајте чувство на припадност

Редовната комуниција со вработените е есенцијална. Свесноста за тоа како нивната работа има импакт и помага на целокупната организација да успее, ,инспирира лојалност и продуктивност. Споделување на добри практики меѓу тимот, поттикнување и јавни признанија на тимската работа, обезбедува  чувство на другарство и припадност.

4. Покажете им на вработените дека се ценети

Менаџерите треба да одвојат време да ги запознаат вработените и нивните  вештини, со цел да ги инволвираат и да ги мотивираат да ги користат оптимално.

Креирањето на доверба кај вработените и чувството дека нивниот глас е слушнат придонесува да се гледаат себе си како битна алка во синџирот.

5. Инспирирајте ги вработените да бидат лидери на утрешниот ден

Дајте им на вработените можност да се справат со нови предизвици и помогнете им да растат лично и професионално.  Усогласите ја нивната кариерна патека со нивните интереси и аспирации, со цел  да го максимизирате нивниот ангажман и да ја зголемите лојалноста.

6. Прилагодете ја вашата култура согласно новонастанати ситуации

Културата на една организација треба да се развива.

Одредени непредвидени околности, може  да предизвикаат потреба од  прилагодувања и адаптирања. На пример, пандемијата не научи дека голем дел од  работните позиции можат да се изведуваат и надвор од канцеларија, од комфорот на својот дом или од далечина.

Потребни се периодични преиспитувања, со цел  да се одговори на потребата од работење од далечина, балансот помеѓу работата и животот на вработените  и  нивните очекувања.

Создавањето победничка организација која ќе го препознае и признае ангажманот на вработените и која ќе ги пресретне реалните очекувањата на вработените  создава позитивна средина, што во крајна линија ќе го поттикне деловниот успех на организацијата.

За авторот:

Маринела Бошкоски-Менаџер за човечки ресурси во Telelink Infra Services Macedonia.Дипломиран економист,својата кариера ја започнува во банкарскиот сектор.Веќе 8 години активен HR ентузијаст,сертифициран тренер и ментор во компанијата .HR кариерата ја започнува во автомобилската индустрија со главен фокус на trening ,регрутација и onboarding.

Главна пасија -личен и професионален развој на вработените.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...