Поинаков ТИМ БИЛДИНГ

од 24HR

Колумна на м-р Ана Салтирова Давидовски-Основач на Кампања #ЛиченИЗБОР www.AnaSaltirova.mk, Автор, Член на УО на МАЧР, Искусен HR професионалец, NLP Тренер и Coach, Тренер за личен развој

Теракотните Икони од Виница: Приказна што сите треба да ја знаеме

Во светот на големите зборуваме за тимска динамика, свесност, комуникација, доверба, ментално здравје и култура на организација.
Но понекогаш, вистинскиот тим билдинг не се случува во хотелска сала или со класични вежби.
Понекогаш се случува на места каде што неочекувано ќе нè допре нешто што не сме го знаеле, а требало да го носиме како дел од сопствениот идентитет.

Во рамки на HR Weekend на Македонска асоцијација за човечки ресурси (МАЧР), ја посетивме Виница. И таму, меѓу теракотните икони, откривме една поинаква димензија на тим билдинг. Не само како HR професионалци, туку и како Македонци.

КОГА тим билдинг станува свесност

Посетата на Музејот на теракотните икони во Виница не е класичен излет.
Тоа е запознавање со дел од Македонија што не го познаваме доволно, иако вреди да биде дел од нашата професионална и човечка култура.

Теракотните икони се ранохристијански плочи од IV–VI век, пронајдени во 1985 година.
Препознаени се во светот – дел од престижната меѓународна изложба „Empires of Faith“ во Ashmolean Museum, Oxford – каде што секоја религија беше претставена со еден артефакт, а христијанството беше претставено токму со нив.

И пред да зборуваме за лидерство, ангажираност или организациска култура, можеби треба да се запрашаме:
Колку ние ги познаваме сопствените ресурси?
Колку ги разбираме нашите корени?
Колку знаеме за културата од која доаѓаме?

Во музејот, секој од нас беше и дете и професионалец.
И тоа е вистинското поле каде расте свесноста.

ЗОШТО ваков тим билдинг создава поинакви луѓе во компаниите?

Затоа што не е само активност.
Туку искуство што гради:

  • свесност за вредностите што ги носиме како општество
  • себепрепознавање преку култура
  • чувство на припадност
  • разговори што не можат да се „испланираат“ во работна просторија
  • тимска длабочина, не само тимска забава

Кога ќе ги однесеш луѓето на место што ќе ги натера да се запрашаат нешто ново, ти веќе си им помогнал да го исклучат автопилотот. А тоа е почетна точка за секоја промена.

Идеја: тим билдинг што ги носи „ГОЛЕМИТЕ“ поблиску до коренот

Замислете тимски ден кој изгледа вака:

  • Кратка прошетка на Виничко Кале
  • Вовед во приказната за теракотните икони
  • Разговор за вредности (лични и организациски) инспирирани од историски артефакти
  • Прашања што градат тимска свесност – не само тимска кохезија

Прашања како:

  • „Која вредност ја препознаваш во приказната за овие артефакти?“
  • „Кој дел од оваа историја ти беше целосно нов?“
  • „Што во нашиот тим е вредност што не ја раскажуваме доволно?“

Тоа е тим билдинг што гради култура. Не само дружење.

А потоа – вториот дел од денот: Винчини

Во Виница постои место што е комбинација од сласт, креативност и организациски потенцијал. Фабриката Винчини не е само фабрика – тоа е простор за искуства.

Таму се организираат:

  • тим билдинг за возрасни: изработка на слатки, креативни групни задачи, тимски „предизвици на вкус“,
  • работилници за деца.

Секојпат со различна понуда. Секојпат со радост. И имаат преубав амфитеатар кој може да служи како простор за обука, презентации или мини-сесии.

Тоа го прави тим билдинг искуството комплетно:
култура → рефлексија → креативност → неформална тимска поврзаност.

Зошто ја споменувам ќерка ми и овде?

Затоа што верувам дека децата треба да ги вклучуваме што е можно повеќе во „светот на големите“. Не за да ги забрзаме, туку за да им дадеме простор да видат, да пробаат, да откријат што им се допаѓа, а што не. Да градат искуства. Да вежбаат социјални и комуникациски вештини.

Ако организацијата го дозволува тоа, ваквите активности може да станат дел и од well-being програмите, каде што повремено може да се вклучи и дете – како дел од концептот „family-friendly компанија“, што исто беше тема на овој HR Weekend од страна на Конект.
Секако, не е применливо секаде, но таму каде што е, создава дополнителна димензија на доверба, човечност и поврзаност.

За крај, тим билдингот може да биде крунисан и со одличните вина што се дел од виничкиот крај, како резултат на многу сончеви денови и традиција што со години се негува. Истокот има свој сјај. И приказна што вреди да ја почувствува секој тим. А можеби… понекогаш и секое дете.

Важни линкови за сево ова да се организира:
Музеј Теракота Виница – https://www.facebook.com/VINICA.CITY.MUSEUM/?locale=mk_MK
Винчини – https://vincinni.com/
Прогресив Академија – https://www.progressive.org.mk/
Македонска асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) – https://www.mhra.mk/

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...