Разговорите што ја обликуваат иднината на работата повеќе не се резервирани само за големите светски метрополи. На 6. и 7. мај 2026, тие ќе се водат во Приштина, на POWER TO HR 2026 – 2-дневен меѓународен самит за човечки ресурси, технологија и бизнис организиран од водечката платформа за вработување KosovaJob.
Самитот ќе се одржи во AMC Hall во Приштина, со 1.300+ учесници, 80+ сесии и 100+ говорници. Меѓу говорниците се наоѓаат и големи светски имиња кои доаѓаат од глобалните брендови како Spotify, Netflix и Disney.
Темата на самитот е „Иднината е сега“, а тоа директно ги отсликува реалните предизвици со кои се соочуваат организациите во регионот, вклучително и тие во Македонија: недостиг на таленти, employer branding, примена на AI, развој на лидерство и задржување на вработени.
Минатата година, нешто повеќе од 80 HR и бизнис професионалци од Македонија беа дел од POWER TO HR, што ја направи македонската делегација една од најбројните на самитот. Денес, POWER TO HR веќе се перципира како природно продолжение на локалниот HR и бизнис екосистем – место каде што се разменуваат идеи, се градат регионални партнерства и се следат трендовите што го обликуваат Југоисточна Европа.
Видео: https://www.youtube.com/watch?v=h1FMdE-Y6CU
Еден од клучните елементи на самитот е флексибилниот формат, кој им овозможува на учесниците сами да го креираат своето искуство преку паралелни сцени, различни типови на сесии и практични работилници. Посебен акцент е ставен и на вмрежувањето, со структурирани B2B зони и дигитални алатки за поврзување на учесниците.
POWER TO HR 2026 е особено релевантен за HR менаџери, регрутери, People & Culture лидери, основачи, директори и ентузијасти од Македонија кои бараат практични знаења применливи веднаш во нивните организации. Приштина е лесно достапна со автомобил или автобус, а сите сесии се одржуваат на англиски јазик, што овозможува рамноправно учество на регионалната и меѓународната публика.
Редовната цена на билетот изнесува 120 евра, додека Early Bird билетите се достапни по цена од 79 евра до 31 јануари 2026. Купувањето билети е овозможено преку следниот линк.
