24 HR, кој секогаш ви ги носи најновите трендови во човечките ресурси, оваа година ќе ве поврзе поблиску до глобалниот самит „PowerToHR 3“, кој ќе се одржи во Приштина на 3. април 2025, во организација на водечката платформа за вработување во Косово, KosovaJob. Овој настан ќе собере над 600 регионални професионалци од областа на човечките ресурси, технологијата и маркетингот на едно место.
Со три паралелни сцени и повеќе од 40 говорници, сите овие активности на англиски јазик ќе бидат синхронизирани во едно, продлабочувајќи се во практичните сознанија и експертиза на локалните, регионалните и меѓународните говорници.
Дополнително, организаторот најавува најразлични мастерклас сесии со врвни регионални и локални експерти од индустријата кои ќе допрат некои од најжешките теми во областа на човечките ресурси, како што е меѓу другите и вештачката интелигенција.
За тие што сакаат запознавање на нови контакти и нетворкинг, нема подобро место за тоа од PowerToHR 3. Специјално дизајнираните зони за нетворкинг, коворкинг, B2B сесии и забавни активности ќе ви овозможат да размените искуства со колеги од другите земји, да стекнете нови контакти или пак да запознаете нови потенцијални клиенти за вашиот продукт или услуга.
Секој учесник на самитот ќе добие пристап до мобилната апликација PowerToHR каде што ќе изгради свој профил и ќе може да ја планира својата агенда и да се поврзе со другите учесници, говорници и компании партнери на PowerToHR.
Александар Кочовски, Оперативен директор на KosovaJob, истакна дека PowerToHR 3 е одлична можност за македонската HR заедница да се искуси уникатен концепт на самит од светска класа, каде секој учесник го поставува својот ритам и ги избира активностите што сака да ги следи и луѓето кои сака да ги запознае.
„Оваа година, PowerToHR ќе наликува повеќе на популарниот Web Summit во Лисабон отколку на другите конференции на кои сме навикнати на Балканот. Почнувајќи од 3-те големи сцени каде во исто време ќе течат три различни сесии, преку различните сегменти за учење, нетворкинг и Б2Б, па се до мобилната апликација која ќе им овозможи на учесниците меѓусебно да се поврзат пред и за време на самитот – сето ова ветува ден исполнет со многу можности и бенефити за секој од учесниците“, вели Александар.
„PowerToHR“ глобален самит за човечки ресурси, маркетинг и технологија кој трета година по ред го организира водечката платформа за вработување во Косово, KosovaJob. Самитот ќе започне во четврток 03. Април 2025 во AMC Hall во Приштина, Косово. Сите активности и сесии на самитот ќе бидат на англиски јазик.
Редовната цена на една карта изнесува 120 евра. 24 HR, како ексклузивен партнер на PowerToHR за Македонија, обезбеди промотивна цена од само 79 евра. За да резервирате карта, кликнете на овој линк.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.