Гледаш огласи и си размислуваш како изгледа процесот на вработување од другата страна? Те интересира како компаниите привлекуваат таленти и го градат својот employer branding?
Епа… можеби тој ден е поблиску отколку што мислиш.Имаме можност токму за тебе.
Бараме практикант/ка што сака да навлезе во светот на регрутацијата и employer branding, да стекне практично искуство и да биде дел од динамична средина со простор за идеи и иницијатива. Ако се пронаоѓаш – продолжи да читаш.
Што ќе правиш?
- Поддршка во процесот на регрутација
- Комуникација со кандидати
- Организација и координација на интервјуа
- Одржување и ажурирање на системот за следење на апликации (ATS)
- Помош при организација на кариерни настани, саеми за вработување и соработка со универзитети
- Учество во активности поврзани со employer branding
- Ќе придонесуваш со идеи за подобра интерна комуникација и тимска култура
Кого бараме?
- Студент/ка по Човечки ресурси, Комуникации, Психологија или сродна област
- Некој што има вистински интерес за регрутација и employer branding
- Комуникативна и организирана личност
- Креативен/на, со внимание на детали
- Проактивен/на и со желба да учи
- Познавање на англиски јазик
- Познавање на MS Office; LinkedIn е плус
Што добиваш?
- Реално искуство во HR и регрутација
- Можност да учиш од искусен тим
- Динамична и поддржувачка средина
- Простор за идеи, креативност и слобода да учиш, грешиш и растеш
- Одлична основа за твојата идна кариера
Започни ја својата кариера таму каде што талентот се препознава и развива – аплицирај сега https://www.linkedin.com/jobs/view/4376653932
Огласот ќе биде отворен до 07.03.2026.
Забелешка:
Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.