Доколку те интересира областа на човечки ресурси и сакаш одблиску да видиш како функционираат HR процесите во една голема компанија – ова е вистинската можност за тебе!
Ќе имаш можност да работиш со податоци, интерни системи и да стекнеш практични знаења кои ќе ти помогнат во градењето на твојата кариера.
Стани дел од нашиот тимот и започни ја својата HR приказна со нас!
Што ќе правиш?
- Помош при ажурирање на базата на податоци за вработените (лични податоци, датум на вработување, промени на позиции и сл.)
- Поддршка при внес на податоци и евиденција на сите кадровски промени за вработените
- Следење на процесот на раздолжување на вработените во системот
- Одржување на евиденција во картичниот систем за вработените
- Подготовка на потврди за вработени
- Помош при евиденција на присуство, годишен одмор и други видови отсуства
- Комуникација со вработени за административни прашања
- Соработка со различни тимови во рамки на HR активностите
Кого бараме?
- Студент/ка од областа на човечки ресурси, правни науки или сродна област
- Организираност, внимание кон детали и одговорност
- Добри компјутерски вештини (MS Office – Word, Excel, PowerPoint)
- Развиени комуникациски и тимски способности
- Дискретност и професионалност при работа со доверливи информации
- Познавање на англиски јазик
Што добиваш?
- Практично искуство во областа на HR
- Работа во динамична и професионална средина
- Менторство и поддршка од искусен HR тим
- Развивање на организациски и административни вештини
Започни ја својата кариера таму каде што талентот се препознава и развива – аплицирај сега 👉 https://www.linkedin.com/jobs/view/4384164234/
Огласот ќе биде отворен до 18.03.2026.
Забелешка:
Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.