Привлекување таленти преку маркетинг инката: Моќта на автоматизацијата во регрутацијата

од 24HR

Стефани Неделкова Кузманоска е одговорна за маркетинг и односи со јавност во Микросам

Во дигиталната ера, кога конкуренцијата за таленти е глобална, привлекувањето на вистинските луѓе не е веќе класична HR задача – тоа е стратешки маркетинг предизвик. Компаниите што разбираат како да ја комбинираат технологијата со вештините на маркетингот имаат значајна предност.

Еден од најмоќните пристапи денес е примената на маркетинг инката (marketing funnel) во регрутацијата, дополнета со алатки за автоматизација. Ајде да видиме како функционира оваа комбинација и зошто ви е потребна сега повеќе од кога било.

📌 Што е маркетинг инка во регрутацијата?

Ова е концепт преземен од маркетингот. Се користи за да се опише патот што го поминува кандидатот од првиот контакт со вашата компанија, па сè до моментот кога ќе ја прифати понудата за работа.

🔽 Шест главни фази:

  1. Свесност (Awareness) – Кандидатот првпат слуша за вашата компанија: преку оглас, LinkedIn, Instagram, или преку некој вработен.
  2. Интерес (Interest) – Почнува да истражува: ја гледа вашата веб-страна, чита за бенефити, гледа искуства на вработени.
  3. Размислување (Consideration)Јa споредувa вашата компанија со други, како можностите за раст, менторство и флексибилност.
  4. Акција (Action)  – Аплицира, учествува во интервјуа, комуницира со регрутер.
  5. Одлука (Decision) – Ја прифаќа понудата и станува дел од тимот.
  6. Лојалност и амбасадорство (Advocacy) – Вработениот што имал позитивно искуство споделува содржини, препорачува други и го зголемува кругот на таленти.

Како автоматизацијата го револуционизира регрутирањето?

Автоматизацијата не ја заменува човечката комуникација, туку ја прави поефикасна и поинтелигентна. Еве како:

1.       Брзо и масовно, но таргетирано огласување

Наместо да објавувате огласи рачно на секоја платформа, системите како ATS (Applicant Tracking System) автоматски ги дистрибуираат огласите на повеќе канали или апликации. За неколку минути, вашиот оглас е видлив насекаде. Има еден куп алатки од ваков тип, ваше е да истражите и одберете систем кој одговара со вашите барања и нормално, буџет.

2.       Персонализирана комуникација со кандидатите

Секој кандидат може да добие порака прилагодена според неговите интереси или фаза во процесот – на пример:

  • „Благодариме што аплициравте…“
  • „Еве што да очекувате понатаму…“
  • „Имаме нова позиција што можеби ќе ви се допадне…“

3.       Негување на пасивни таленти

Се случува квалитетни кандидати да не аплицираат веднаш. Затоа се користат drip кампањи – серии од меилови што споделуваат култура на компанијата, успешни приказни, вести и нови работни позиции.

Ова создава емоционална врска и го зголемува интересот кај пасивните кандидати. Има најразлични алатки кои можат да ви помогнат за испраќање на вакви пораки. Консултирајте се со вашиот маркетинг тим за подетални насоки.

4.       Паметна анализа и подобрување

Системите автоматски анализираат:

  • Од каде доаѓаат најдобрите кандидати?
  • Кои пораки најмногу се читаат?
  • Кои огласи даваат најдобри резултати?

Зошто ваквиот пристап функционира подобро?

Поголем досег – дури и до луѓе што не бараат активно работа
Подобро искуство за кандидатите – брзи одговори, јасни чекори
Поточна селекција – со помош на алатки и вештачка интелигенција
Повеќе време за HR тимот бидејќи рутинските задачи се автоматизирани

Војната за таленти“ се добива со стратегија

Во светот каде што талентот е главен двигател, вашиот најсилен сојузник е комбинацијата од маркетинг размислување + технолошка автоматизација.
Маркетинг инката не е само метафора – таа е мапа што ви покажува каде губите кандидати и каде можете да блеснете.

Вашата цел не е само да вработите – туку да изградите доверба, лојалност и препознатлив бренд кој самиот привлекува квалитетни луѓе.

За авторот:

Стефани Неделкова Кузманоска е одговорна за маркетинг и односи со јавност во Микросам, каде што е дел од тимот кој ги промовира иновативните решенија на компанијата на глобално ниво. Со деветгодишно професионално искуство, таа има работено и како Маркетинг експерт, HR специјалист, експерт за employer branding и Data Protection Officer, што ѝ овозможува да комбинира комуникациски, организациски и аналитички вештини во динамична индустриска средина.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...