Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на Макпетрол утре ќе се одржи во „Песталоци”

од 24HR

Во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ утре (5 октомври) ќе се одржи првата работилница против врсничко насилство организирана во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“.

Почетокот е закажан за 18 часот, а на оваа средба родителите ќе можат подетално да се запознаат со проблемот со булингот и да дознаат како е најдобро да се справат доколку се соочат со ваква ситуација.

Вакви работилници „Макпетрол“ ќе организира во сите општини што се приклучија на „Крени глас против врсничко насилство“. Овие едукативни средби ќе ги предводи популарниот актер Сашко Коцев, а за стручниот аспект ќе биде задолжен психологот Деспина Стојановска, која изминатава година на оваа тема работеше со учениците низ цела Македонија. На утрешната работилница свои искуства ќе споделат и членови на стручните служби од основните училишта во Општина Центар.

Ученици во повеќе од 150 училишта изминатава година се здобија со знаења преку работилниците овозможени од „Макпетрол“. Неофицијалните проценки велат дека помеѓу 35,000 и 45,000 деца учествуваа во овие едукативни средби. На кампањата се приклучија македонски 26 општини кои што дадоа поддршка за вредностите и промените кои што компанијата се обидува да ги поттикне во нашето општество.

Уште самиот почеток, вебсајтот kreniglas.mk е централен елемент на кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“. Платформата изобилува со информации преку кои што пренесуваат најразлични знаења за булингот. Тие можат да придонесат во изнаоѓањето пристапи и решенија на проблемот со врсничкото насилство од кое што најмногу се засегнати децата, а во целиот процес особено важна улога играат и родителите и наставниците. Секој што се соочил со овој проблем на оваа интернет-страница може анонимно да ја сподели личната приказна, додека преку интерактивен квиз можат да откријат какви познавања имаат на темата.

Преку кампањата „Крени глас против врсничко насилство“, „Макпетрол“ исполнува еден од своите стратешки приоритети – општествената одговорност. Проектите со кои што се обезбедува поддршка на заедницата се дел од работата на компанијата во текот на целото нејзино повеќедецениско постоење. Младите и во иднина ќе бидат значаен дел од општествено одговорните активности на „Макпетрол“.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...