Пуштена во употреба новата бензинска станица на „Макпетрол“ на автопатот кон Грција

од 24HR

Од денеска започна со работа новата бензинската станица на „Макпетрол“, што се наоѓа на автопатот „Пријателство“, на правецот Демир Капија – Гевгелија, односно кај населеното место Мрзенци. Новиот објект, изграден според највисоките технички и безбедносни стандарди, ќе работи 24 часа, седум дена во неделата. Со оваа инвестиција, компанијата продолжува со проширување и со подобрување, како на понудата, така и на услугите за потрошувачите.

На современата бензинска станица на автопатот кон Грција се достапни квалитетните ULTRA горива на „Макпетрол“. Се работи за нова генерација на овие горива што е базирана на Dual Action Technology. На бензинската станица потрошувачите можат да купат горива од 95 и од 100 октани, дизел, како и ТНГ (течен нафтен гас) и AdBlue. Гасот за моторни возила ЦНГ (метан) нема да биде достапен на оваа локација. Во продажниот објект на бензинската станица, пак, има широк избор на производи од дополнителниот асортиман.

Реализирајќи ги своите стратешки приоритети, „Макпетрол“ континуирано ги обновува бензинските станици и инвестира во нови, модерни, објекти. Како најголем дистрибутер на нафта и нафтени деривати во земјава, компанијата редовно ја подобрува и осовременува мрежата на услужни објекти. Тоа е уште една потврда дека „Макпетрол“ е посветен на обезбедување врвна услуга и квалитет за верните потрошувачи.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...