28 Септември, 2024 – (10:00 – 18:00 ч.)
Паблик Рум, Скопје
Регистрација на следниот линк:
https://forms.gle/8zfEQuc3kLUgJfyk8
Како да се ужива во патувањето додека се креира најдобрата верзија од себеси со мали чекори кои прават големи резултати?
После оваа работилница ќе бидете побогати со конкретни знаења, техники и алатки како да дознаете што сакате и како да го остварите тоа. А, најважното и најубавото е тоа каков човек станувате додека го одите патот.
Ќе ви бидат споделени знаења од многу врвни учители од кои сум учел, како Сњежана Ристиќ, Мери Морисеј, Вејн Дајер, Боб Проктор, Робин Шарма и други, но и од лично применети искуства со најискрен пристап за тоа што делува, што не, како да ги надминеме предизвиците и како најреално чекор по чекор да оствариме живот каков сакаме да имаме.
- Ќе почнеме од самиот почеток, да дефинираме кои сме ние, кои се нашите вредности, што сакаме и зошто тоа го сакаме.
- Ќе продолжиме да работиме на нашите уверувања и начини како истите да ги преобликуваме.
- Ќе научиме како да правиме правилни избори во животот кои ќе не’ водат чекор поблизу до нашите цели.
- Ќе креираме навики кои ќе бидат во согласност со нашите цели.
- Ќе ги дознаеме тајните на најуспешните луѓе во светот.
- Со практични вежби и алатки во 8 чекори ќе дознаеме како истите можеме да ги користиме за да креираме живот каков посакуваме, или барем, да креираме остварување на некоја важна животна цел.
- Заедно, со водство и коучинг техники ќе направиме конкретен план за реализација на целите.
- Ќе знаеме како да го подобриме нашето здравје, нашите врски со луѓето, кариерата или финансиите.
За сите присутни ќе биде обезбедена кафе пауза и ручек.
Можност за вредно изненадување.
Работилница е, не класика обука, бидејќи… Ќе работиме многу и ќе работиме заедно. Нема да бидете таму само да слушате, туку ќе засукаме ракави и ќе работиме на остварување на нашите цели 28 Септември во Паблик Рум.
За кого е оваа работилница:
- За секој кој сака да направи позитивна промена на било кое животно поле
- За секој кој е храбар и подготвен да работи на себе
- За победниците
- За тие што преземаат 100 % одговорност за квалитетот на својот живот
Верувам во вашиот потенцијал безусловно и верувам во работа на себе. Не можеме да го подобриме светов во кој живееме ако не знаеме како да станеме повисока верзија од самите себе. Работата започнува од секоја индивидуа која сака да расте.
Пријавата е на следниот линк:
https://forms.gle/8zfEQuc3kLUgJfyk8
После пријавата ќе добиете податоци за плаќање и целосна агенда штом ќе биде извршена уплатата.
За сите уплати до 11 Септември има 20 % попуст.
Се’ се случува два пати. Еднаш како мисла, потоа во стварност. Измеѓу е патот кој го одиме кон повозвишена верзија од себеси.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.