Скопје, 28 мај 2025 – Како долгогодишен партнер на МАСИТ и лидер во областа на ИКТ решенија за управување со човечки ресурси, Семос ја потврди својата посветеност кон дигиталната трансформација на македонскиот HR сектор преку активното учество на престижниот настан „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, организиран од МАСИТ.
Настанот, кој се одржа во Корпоративната дирекција на Халкбанк, ги обедини клучните играчи од ИКТ индустријата, HR експерти и правници со цел да ги адресираат најактуелните предизвици во областа на работните односи, регулативата и управувањето со човечки капитал.
Семос, преку својот Business Development Manager, г. Дејан Павлески, имаше чест да ја модерира панел дискусијата на тема: „Внатрешни политики и дигитализација на HR процесите“.
На панелот се дискутираше за современи практики и искуства, како: дигитален онбординг, електронско потпишување на документи, автоматско следење на присуството, но и за правните аспекти на дигиталната дисциплинска постапка и регулациите за работа од дома и од странство. Особено беше потенцирано дека компаниите кои интегрираат напредни дигитални HR решенија остваруваат значителна ефикасност, транспарентност и усогласеност со законските барања.
„Дигиталната трансформација во управувањето со човечки ресурси не е повеќе прашање на избор, туку неопходност за секоја современа ИКТ компанија која сака да биде конкурентна и атрактивна за новите генерации вработени“, истакна г.Павлески.
На работилницата беа понудени и примери на добри практики, како и иницијативи за подобрување на законската регулатива со цел да се овозможи уште поголема флексибилност и дигитализација на работните односи во ИКТ секторот.
Со своето учество и водење на стручната дискусија, Семос уште еднаш покажа дека е пионер во областа на дигитални HR решенија, нудејќи ги најсовремените алатки за ефикасно и правно усогласено управување со човечки капитал.
Мотив8, напреден систем за управување и развој на човечките ресурси е продукт на Семос кој овозможува целосна автоматизација на HR процесите – од онбординг, преку следење и евалуација до развој на човечкиот потенцијал, сѐ со цел компаниите да бидат чекор понапред и поконкурентни на пазарот на трудот.
За повеќе информации за Мотив8 и дигиталните HR решенија на Семос, посетете ја www.semos.com.mk.
Контакт за медиуми:
info@semos.com.mk
+389 2 3216 500
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.