Сениор Регрутер/ Регрутер

од 24HR

Доколку сакаш да бидеш дел од тимот кој го води процесот на регрутација на новите колеги во Банката, аплицирај за отворената работна позиција во Центарот за управување со човечки ресурси.


Сениор Регрутер/ Регрутер

Твоите активности:
• Дефинирање и одредување на потребите за вработување;
• Комуникација и соработка со менаџерите на сите нивоа во насока на идентификување и задоволување на потребите за вработување;
• Управување на целокупниот процес на регрутација;
• Користење на иновативни алатки, канали и извори на регрутирање;
• Одржување на потенцијалната база за вработување преку привлекување,селекција и интервјуирање на потенцијалните кандидати, до финална комуникација, преговарање и доставување на понуда за вработување;
• Учество и креирање на employer branding активностите во делот на регрутација,саеми за вработување и други настани за вработување;
• Имплементација и употреба на електронски алатки за водење и поддршка на процесот на регрутација, вклучувајќи и надворешни алатки, социјални медиуми и портали;
• Унапредување на процесот на регрутација.


Твојот профил:

• Универзитетско образование;
• Најмалку 3 години работно искуство во сегментот на регрутација на кандидати;
• Релевантно искуство од користење на современи алатки и системи за регрутација;
• Одлично познавање на англиски јазик (усна и писмена комуникација);
• Напредно користење на MS Office;
• Високо развиени комуникациски, организациски и аналитички вештини;
• Способност за креативно и иновативно размислување;
• Високо развиен тимски дух и самоиницијативност.


Твој мотив да ни се придружиш:
• Препознатлив регионален и домашен бренд и современо работно опкружување;
• Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
• Континуирани програми за обука и индивидуален кариерен развој;
• Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
• Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
• Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).


Ако е ова позицијата на која се гледаш себеси, испрати ни мотивациско писмо и кратка биографија (CV) најдоцна до 22.09.2023 на nlbkariera@nlb.mk со назнака за Сениор Регрутер / Регрутер.


Те очекуваме!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...