Сениор специјалист за компензации, бенефити и управување со перформанси на вработени

од 24HR

Доколку сакаш да работиш на имплементација и усовршување на системите за компензации и бенефити, планирање на годишните буџети за вработени како и управување со системот на перформанси со вработени, аплицирај за
отворената работна позиција во Центарот за управување со човечки ресурси.


Сениор специјалист за компензации, бенефити и управување со перформанси на вработени

Твоите активности
• Водење и унапредување на системот за финансиско и нефинансиско наградување(компензации и бенефити);
• Водење и унапредување на системот за управување со перформанси на вработените и менаџерите;
• Спроведување на стратешко планирање, буџетирање и контрола на трошоци за управување со човечки ресурси;
• Креирање на правичен и конкурентен пакет на компензации и бенефити усогласен со стратегијата и целите на Банката;
• Континуирано следење и анализа на плати (интерно и екстерно споредување“benchmark”), како и утврдување на интерната структура, сложеност на работни места и градацијата на плати;
• Поддршка на менаџментот на Банката преку имплементација на различни методи,техники и метрики за ефикасно донесување одлуки поврзани со компензации и бенефити на вработените;
• Следење на трендовите на пазарот за анализа на плати и други надоместоци;
• Имплементација и надградба на ХР софтверски решенија за управување со перформанси, финансиски и нефинансиски наградувања.

Твојот профил:
• Универзитетско образование;
• Најмалку 3 години работно искуство во сегментот на управување со човечки ресурси со фокус на управување со перформанси на вработени и системот на компензации и бенефити за вработени;
• Математички, статистички и аналитички начин на размислување со способност за собирање и интерпретација на податоци за донесување на одлуки;
• Напредно користење на MS Office (со акцент на MS Excel) и електронски алатки за човечки ресурси;
• Познавање на Power BI и управување со податоци ќе се смета за предност;
• Одлично познавање на англиски јазик (усна и писмена комуникација);
• Високо развиени организациски и комуникациски вештини, со способност за ефективна интеракција со поединци и групи на сите нивоа во компанијата;
• Релевантни сертификати од областа на човечки ресурси и управување со податоци;
• Способност за креативно и иновативно размислување;
• Високо развиен тимски дух и самоиницијативност.


Твој мотив да ни се придружиш:
• Водечки регионален и домашен бренд и современо работно опкружување;
• Позитивна организациска култура базирана на меѓусебна доверба, тимски дух,развој на вработените, поттикнување иновации и креативност
• Грижа за целокупната добросостојба на вработените вклучувајќи разновидни програми и активности, флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
• Континуирани програми за обука и можност за локален и интернационален кариерен развој;
• Учество во проекти и иницијативи на ниво на НЛБ Групација;
• Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучувајќи приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).

Ако е ова позицијата на која се гледаш себеси, испрати ни мотивациско писмо и кратка биографија (CV) најдоцна до 22.09.2023, на nlbkariera@nlb.mk со назнака Сениор специјалист за компензации, бенефити и управување со перформанси на вработени.


Те очекуваме!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...