среда, јануари 7, 2026
Почетна СтатииСЕРИЈАЛ ЗА ПРАЗНИЧНА РЕФЛЕКСИЈА: МАРИНЕЛА БОШКОСКИ-МЕНАЏЕР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО TELELINK INFRA SERVICES MACEDONIA 

СЕРИЈАЛ ЗА ПРАЗНИЧНА РЕФЛЕКСИЈА: МАРИНЕЛА БОШКОСКИ-МЕНАЏЕР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО TELELINK INFRA SERVICES MACEDONIA 

by 24HR

Како ја завршуваме годината и што нè чека понатаму?

На прагот на новогодишните и божиќните празници, кога сите подготвуваме нови планови и цели, решивме да погледнеме назад и да ги собереме највредните мисли од професионалците кои беа дел од нашите интервјуа оваа година.

Во овој специјален празничен серијал на 24hr.mk, им поставуваме едно инспиративно прашање на HR професионалците:

„Кога би биле Дедо Мраз за вашата компанија или за HR професијата во целост, кој „подарок“ би го донеле оваа година – нешто што ќе ги исправи грешките, ќе извлече лекции од минатото и ќе создаде подобра иднина за сите?“

Нивните одговори ќе ве поттикнат да размислувате, да се инспирирате и да извлечете вредни лекции за годината што помина и за тоа што допрва следува.

Ќе ги објавуваме низ неколку серии, за да ве инспирираме во текот на празниците и да ви дадеме нови идеи за годината што доаѓа. Без разлика дали сте искусен HR професионалец или сте на почеток на вашата кариера, овие искуства и размислувања ќе ве потсетат на важноста на човечкиот фактор и ќе ве мотивираат да продолжите да правите разлика во светот на работата.

Следете нè во наредните денови и уживајте во празничната рефлексија на инспиративните личности од HR светот!

Во денешниот серијал ги претставуваме одговорите на Маринела Бошкоски, менаџер за човечки ресурси во Telelink Infra Services Macedonia 

„Да бев Дедо Мраз… пред да помислам на подароци, ќе застанев малку да ги слушнам луѓето, да го видам трудот и приказните зад резултатите.

Би подарила нешто што никој не го бара, зашто сите глумат дека го имаат – Одговорност, спакувана со повеќе јасност и храбри одлуки.

За сите професионалци за човечки ресурси би подарила далечински управувач со гооолемо црвено копче за микроменаџмент и искрени желби што помалку време да поминуваат во противпожарна опрема.“

Related Posts

Leave a Comment