СЕРИЈАЛ ЗА ПРАЗНИЧНА РЕФЛЕКСИЈА НА 24HR.MK:БИЛЈАНА ЧЛКАМОВСКА, FREELANCER КОНСУЛТАНТ ЗА КОРПОРАТИВНО ПРАВО И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

од 24HR

Како ја завршуваме годината и што нè чека понатаму?

На прагот на новогодишните и божиќните празници, кога сите подготвуваме нови планови и цели, решивме да погледнеме назад и да ги собереме највредните мисли од професионалците кои беа дел од нашите интервјуа оваа година.

Во овој специјален празничен серијал на 24hr.mk, им поставуваме едно инспиративно прашање на професионалците кои на директен или индиректен начин се дел од светот на човечките ресурси. Нивните одговори ќе ве поттикнат да размислувате, да се инспирирате и да извлечете вредни лекции за годината што помина и за тоа што допрва следува.

Ќе ги објавуваме низ неколку серии, за да ве инспирираме во текот на празниците и да ви дадеме нови идеи за годината што доаѓа. Без разлика дали сте искусен HR професионалец или сте на почеток на вашата кариера, овие искуства и размислувања ќе ве потсетат на важноста на човечкиот фактор и ќе ве мотивираат да продолжите да правите разлика во светот на работата.

Следете нè во наредните денови и уживајте во празничната рефлексија на инспиративните личности од нашиот празничен серијал!

Во денешниот серијал ги претставуваме одговорите на Билјана Члкамовска, Freelancer консултант за корпоративно право и човечки ресурси која ја прашавме:

 Кога би биле Дедо Мраз за вашата компанија или за HR професијата во целост, кој „подарок“ би го донеле оваа година – нешто што ќе ги исправи грешките, ќе извлече лекции од минатото и ќе создаде подобра иднина за сите?

Долг би бил списокот на моите подароци кога би била ЧР Дедо Мраз и секако не би се ограничила само на една компанија.

Како предавач во Академијата за ЧР, постојано го делам своето знаење и искуство и на тој начин ја множам и ја ширам идејата за зелени работни места, што значат достоинствена работа, почитување на работничките права, создавање на здрава работна средина и продуцирање среќни вработени.

Како посебен подарок би подарила детски градинки во кругот на секоја компанија.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...