СЕРИЈАЛ ЗА ПРАЗНИЧНА РЕФЛЕКСИЈА НА 24HR.MK:МАРИНА АНЧЕВСКА, НЛП ТРЕНЕР И ОСНОВАЧ НА ЦЕНТАРОТ ЗА БИЗНИС ПСИХОЛОГИЈА

од 24HR

Како ја завршуваме годината и што нè чека понатаму?

На прагот на новогодишните и божиќните празници, кога сите подготвуваме нови планови и цели, решивме да погледнеме назад и да ги собереме највредните мисли од професионалците кои беа дел од нашите интервјуа оваа година.

Во овој специјален празничен серијал на 24hr.mk, им поставуваме едно инспиративно прашање на професионалците кои на директен или индиректен начин се дел од светот на човечките ресурси. Нивните одговори ќе ве поттикнат да размислувате, да се инспирирате и да извлечете вредни лекции за годината што помина и за тоа што допрва следува.

Ќе ги објавуваме низ неколку серии, за да ве инспирираме во текот на празниците и да ви дадеме нови идеи за годината што доаѓа. Без разлика дали сте искусен HR професионалец или сте на почеток на вашата кариера, овие искуства и размислувања ќе ве потсетат на важноста на човечкиот фактор и ќе ве мотивираат да продолжите да правите разлика во светот на работата.

Следете нè во наредните денови и уживајте во празничната рефлексија на инспиративните личности од нашиот празничен серијал!

Марина Анчевска, основач на Центарот за бизнис психологија, Системски НЛП, ЈИЕ, меѓународно акредитиран Системски Мастер коуч и НЛП Мастер тренер.
Марина воедно е основач и на правата Системска Коучинг академија во регионот.

Кога би биле Дедо Мраз за вашата компанија или за HR професијата во целост, кој „подарок“ би го донеле оваа година – нешто што ќе ги исправи грешките, ќе извлече лекции од минатото и ќе создаде подобра иднина за сите?

Животот е процес, развојот е избор!

Замислувам организациска средина во која многу повеќе повеќе луѓе свесно го применуваат ова едноставно универзално правило.

Животот се одвива во постојан процес на  движење и промени. Ништо не е статично, не е случајно и се е резултат на нешто.

Замислувам организациска средина во која постои системска свесност и развиена системска интелигенција. Средина која овозможува разбирање на несвените релациски процеси кои поттикнуваат заплети и обрасци на системско ниво.

Средина во која индивидуата се гледа како дел од целината и на секој предизвик се пристапува системски. Затоа што работејќи само на личноста може да се отстрани симптомот, но образецот кој припаѓа на ниво на систем, едноставно повторно ќе се појави и ќе биде изразен во друг контекст.

Замислувам организација во која семејните системски заплети не се табу туку на професионален и етички начин се пристапува кон поттикнување на развој на индивидуата заради надминување на семејни динамики и трансформација на стратегиите на справување со промени, предизвици и конфликти.

Тогаш не би постоеле грешки и неуспеси туку само повратна информација од која можеме многу повеќе да научиме и да растеме.

Замислете како би било доколку во следниот предизвик, недоразбирање или ситуација во која се соочуваме со промена, конфликт и сл., нема да го вклучуваме нашиот несвесен одбранбен механизам, туку ќе дејствуваме според годините и реланоста во која се наоѓаме?
Можеби ќе осветиме дека потребата да се правдаме, докажуваме, браниме, контролираме, повлекуваме или да напаѓаме нема да ни го донесе посакуваниот резултат туку повторно ќе предизвика чувство на незадоволство, надменост, исцрпеност, краткорочно задоволство  т.е. ниска вибрација.

Развивање на холистички начин на размислување и дејствување во организацијата создава организациска култура која вибрира на високо ниво на свеснот.

Ако веруваме дека животот е процес тогаш промената е возможна. Иако можеби некогаш надворешната промена е лимитирачка, внатрешната промена е секогаш возможна. Ние сите поседуваме внатрешни ресурси за да можеме успешно да се справуваме и при тоа да растеме. Затоа развојот е избор!

Да живееме според ова правило значи дека превземаме одговорност да се однесуваме според годините во кои сме. Ние, според годината на раѓање растеме, но не значи дека и  емотивно сме пораснале!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...