Како ја завршуваме годината и што нè чека понатаму?
На прагот на новогодишните и божиќните празници, кога сите подготвуваме нови планови и цели, решивме да погледнеме назад и да ги собереме највредните мисли од професионалците кои беа дел од нашите интервјуа оваа година.
Во овој специјален празничен серијал на 24hr.mk, им поставуваме едно инспиративно прашање на професионалците кои на директен или индиректен начин се дел од светот на човечките ресурси. Нивните одговори ќе ве поттикнат да размислувате, да се инспирирате и да извлечете вредни лекции за годината што помина и за тоа што допрва следува.
Ќе ги објавуваме низ неколку серии, за да ве инспирираме во текот на празниците и да ви дадеме нови идеи за годината што доаѓа. Без разлика дали сте искусен HR професионалец или сте на почеток на вашата кариера, овие искуства и размислувања ќе ве потсетат на важноста на човечкиот фактор и ќе ве мотивираат да продолжите да правите разлика во светот на работата.
Следете нè во наредните денови и уживајте во празничната рефлексија на инспиративните личности од нашиот празничен серијал!
Во денешниот серијал ги претставуваме одговорите на Ставрос Георгакопулос, People and Transformation Hub Leader вo Македонски телеком.
Кога би биле Дедо Мраз за вашата компанија или за HR професијата во целост, кој „подарок“ би го донеле оваа година – нешто што ќе ги исправи грешките, ќе извлече лекции од минатото и ќе создаде подобра иднина за сите?
Дали постои Дедо Мраз или тој е нешто во што сакаме да веруваме? Верувањето е она што ја прави магијата, без разлика дали е тоа во Дедо Мраз, во вашиот тим или, пак, во потенцијалот на вашите колеги, па затоа мојот одговор би бил следниот: Да бев Дедо Мраз во мојата компанија, би ја подарил моќта на верувањето – не во чуда, туку во неограничениот потенцијал на нашите луѓе и тимови.
Децата веруваат бескрајно, веруваат во магија и знаат дека се е возможно. А сега замислете, доколку ние како вработени, би верувале исто толку силно во нашиот потенцијал, во нашите колеги и во колективната моќ на HR за создавање трансформативни искуства.
Улогата на HR не е само во политиките или програмите, туку и да го поттикне ова верување – да им помогне на луѓето да погледнат пошироко од предизвиците, да имаат доверба во процесот и да веруваат, како во себе, така и во другите.
Како што децата инспирираат со нивната радост и љубопитност, ние треба да негуваме работна средина во која секој поединец ќе се чувствува ценет, поддржан и ќе биде охрабрен да има големи соништа и да постигнува повеќе.
Затоа, ако мене ме прашувате, меѓусебната доверба е далеку попродуктивна од ставањето млеко и колачиња покрај новогодишната елка.
Мојот подарок како Дедо Мраз би бил потсетник на едноставната вистина: најголемата магија во секоја организација е во нејзините луѓе. А HR? Ние сме само елфовите кои овозможуваат таа магија да се случи.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.