среда, јануари 7, 2026
Почетна СтатииСЕРИЈАЛ ЗА ПРАЗНИЧНА РЕФЛЕКСИЈА: САШКА ИВАНОВСКА, СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА

СЕРИЈАЛ ЗА ПРАЗНИЧНА РЕФЛЕКСИЈА: САШКА ИВАНОВСКА, СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА

by 24HR

Како ја завршуваме годината и што нè чека понатаму?

На прагот на новогодишните и божиќните празници, кога сите подготвуваме нови планови и цели, решивме да погледнеме назад и да ги собереме највредните мисли од професионалците кои беа дел од нашите интервјуа оваа година.

Во овој специјален празничен серијал на 24hr.mk, им поставуваме едно инспиративно прашање на HR професионалците:

„Кога би биле Дедо Мраз за вашата компанија или за HR професијата во целост, кој „подарок“ би го донеле оваа година – нешто што ќе ги исправи грешките, ќе извлече лекции од минатото и ќе создаде подобра иднина за сите?“

Нивните одговори ќе ве поттикнат да размислувате, да се инспирирате и да извлечете вредни лекции за годината што помина и за тоа што допрва следува.

Ќе ги објавуваме низ неколку серии, за да ве инспирираме во текот на празниците и да ви дадеме нови идеи за годината што доаѓа. Без разлика дали сте искусен HR професионалец или сте на почеток на вашата кариера, овие искуства и размислувања ќе ве потсетат на важноста на човечкиот фактор и ќе ве мотивираат да продолжите да правите разлика во светот на работата.

Следете нè во наредните денови и уживајте во празничната рефлексија на инспиративните личности од HR светот!

Во денешниот серијал ги претставуваме одговорите на Сашка Ивановска, специјалист за човечки ресурси во Авицена лабораторија.

„Да можам симболично да донесам еден подарок за здравствениот сектор, тоа би бил континуитет – систем во кој знаењето не си заминува со луѓето, туку се пренесува и се гради.

Затоа што клиничката експертиза не се создава преку ноќ – потребни се години искуство, грешки, менторство и контекст, но таа може лесно да се изгуби ако не е вградена во систем.

Замислете средина каде ЧР не реагира дури кога ќе се појави проблем, туку свесно ја чува експертизата, стабилноста и безбедноста на грижата, активно создава структури за развој, едукација и менторирање.

Во здравството, континуитетот, безбедноста и развојот одат заедно: кога луѓето остануваат, знаењето се задржува, експертите развиваат модели, а квалитетот на грижата станува стандард.“

Related Posts

Leave a Comment