Што е “микроучење” и како да се имплементира во корпоративните обуки?

од 24HR

Микроучењето е педагошки пристап кој ги разложува информациите на помали модули дизајнирани за брзо консумирање и лесно разбирање, најчесто во неколку минути.

Концептот на микроучење ги влече своите корени од принципот на когнитивната наука дека човечкиот мозок поефикасно ги обработува и задржува информациите кога се разложени на мали единици. Иако идејата постои со децении, дигиталната технологија го издигна микроучењето до првите редови на современото образование и обука.

Микроучењето е особено корисно во процесите на корпоративни обуки, каде што брзото стекнување вештини и учењето навреме се неопходни. Исто така е широко прифатено во мобилни апликации за учење јазици како Duolingo и онлајн курсеви, задоволувајќи ја желбата на современиот човек за флексибилно образование.

Процесот на микроучење може да се реализира преку различни формати на материјалот, што и не мора да бидат дигитални. Неколку примери за појаснување:

“Флеш” картички

Сите сме користеле флеш-картички кога сме учеле. Од едната страна пишуваме поим, а од другата дефиниција. Секоја картичка ни доловува суштински концепт или факт, овозможувајќи ни да го прегледаме и да го зајакнеме своето разбирање за краток период.

Инфографици

Инфографиците визуелно претставуваат податоци или информации, правејќи сложени идеи лесно разбирливи на прв поглед. Комбинацијата на графика со јасен текст ефикасно ги пренесува клучните точки.

Кратки видеа

Кратки наставни видеа, кои често траат од 2 до 5 минути, и кои се фокусираат на една тема или вештина. Тие можат да бидат анимации, објаснувања на табла или демонстрации предводени од експерти.

Интерактивни квизови

Кратки квизови кои го тестираат знаењето за одредена тема. Тие даваат инстантна повратна информација за точноста на одговорите и овозможуваат брзо разбирање и поправање на грешки. 

Кои се придобивките од микроучењето?

  • Зголемено задржување на знаењето: 

Микроучењето го користи принципот докажан од когнитивни истражувања дека нашиот мозок поефикасно ги обработува и задржува информациите кога се претставени во мали делови. 

  • Пристапност: 

Без разлика дали чекате лет, го пиете утринското кафе или правите брза пауза од состаноци, до модулите за микроучење може да се пристапи во секое време.

  • Помали трошоци: 

Традиционалната обука често доаѓа со високи цени, имајќи ги предвид трошоците за логистика и ресурси. Микроучењето, претежно дигитално, ги намалува овие трошоци, обезбедувајќи максимална ефикасност.

  • Увид и персонализација: 

Микроучењето овозможува да се разделат темите на сегменти, што го олеснува идентификувањето на силните и слабите страни. Овој пристап не само што помага да се следи напредокот, туку овозможува и приспособување на модулите врз основа на перформансите и преференциите на корисникот.

  • Приспособливост: 

Микроучењето лесно може да се приспособи со нова содржина, правејќи го материјалот за обука релевантен и ажуриран.

Имплементација на микроучење

  1. Дефинирајте ги вашите цели за учење: Размислете за секоја група на вработени, според нивната позиција и направете кратка листа кои работи треба да ги владеат за да успешно ја вршат својата работа. Започнете со анализа на постојните материјали. Означете ги областите на подобрување, дефинирајте што сакате да постигнете и кои информации се најбитни. Размислете какви видови на микролекции може да се направат што одговараат на најбитните информации.
  2. Дизајн на наставна програма: Пред да се зафатите со микроучење, од суштинско значење е да имате добро структурирана наставна програма. Ова ќе послужи како основа врз која ќе се гради вашата обука со микроучење. Одлучете се за темите, редоследот и длабочината на потребните информации. Направете структура на материјалот, барем со наслови на секциите.
  3. Изберете ја вистинската платформа: Вашиот избор на платформа игра клучна улога во успехот на вашата стратегија. Одлучете се за алатка која се усогласува со вашите цели, обезбедува аналитика и поддржува различни формати на содржина. Постојат низа на опции од странски компании, но разгледајте ја и платформата Coach Microlearning како единствената македонска алатка за корпоративно микроучење.
  4. Создавање и адаптација на содржина: Квалитетот е најважен во микроучењето. Соработувајте со експерти за да создадете содржина што не е само точна, туку е и привлечна. Со оглед на концизната природа на микроучењето, од клучно значење е да се осигураме дека секоја содржина е релевантна и додава вредност. Постојат алатки кои со помош на вештачка интелигенција можат да помогнат постоечките материјали да се трансформираат во правилниот формат за микроучење.
  5. Интегрирајте системи за е-учење: Микроучењето не секогаш постои самостојно. Може да се интегрира во пошироката стратегија или да се користи како дополнителен материјал. За што и да се одлучите, осигурајте се дека може да се интегрира во вашите постоечки системи и процеси.

Корисни совети за ефикасно спроведување на микроучење

  1. Вклучете се и промовирајте: Не е доволно само да се направат и достават модулите за микроучење. Потребно е активно да сте вклучени во нивното спроведување и промовирање. Размислете за воведување гејмификација или различни стимулации засновани на награди за да го подобрите учеството.
  2. Следете и анализирајте: Следете го ангажманот на корисниците, стапките на завршување на обуката и резултатите од квизовите и останатите иницијативи за да ја измерите ефективноста на вашите модули.
  3. Соберете повратни информации: Охрабрете ги корисниците да ви дадат повратни информации за содржината, форматот и целокупното искуство. Ова ќе понуди увид во областите на кои можеби е потребно подобрување.
  4. Континуирано повторување: Редовно прегледувајте и ажурирајте ја вашата содржина за да се осигурате дека таа останува актуелна и релевантна. Врз основа на аналитика и повратните информации, направете ги неопходните прилагодувања на вашата стратегија. Закажете специфични интервали на прегледување и променување на програмата.
  5. Проширете и диверзифицирајте: Како што вашата организација расте и се развива, така ќе се зголемуваат и вашите потреби за обука. Постојано истражувајте нови теми, формати и техники за да ја одржите вашата стратегија свежа и ефективна.

Размислувате за имплементација на микроучење во вашата компанија? 

Македонската платформа Coach Microlearning ви овозможува брзо создавање на обуки со микроучење кои даваат резултати. 

Создадете ефикасни интерни обуки кои ги идентификуваат и пополнуваат празнините во знаењето кај вработените, и тоа само со 3-5 минути дневно користење. 

Може да се користи за онбординг, интерни процеси, обуки за продажба, продуктни обуки, стандарди за безбедност, одржување на квалитетот и работа со опрема, ширење на компаниската култура, преглед на знаењето на вработените и евалуација на работата. 

Дополнително, со помош на алатката со вештачка интелигенција, процесот на подготвување содржини е брз и лесен. Прикачете документ во Word формат и генерирајте целосен тренинг со струкутра, содржини и прашања и одговори за игрите за учење.

Закажете 30-минутна консултација или пробајте го Coach бесплатно на https://www.getcoach.app

Пишува: Калина Трајаноска

0 коментар
2

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...