Што може да го направи денешниот ден подобар од вчера?

од 24HR

Колумна на Ивана Кајеска – дипломиран психолог при Филозофскиот факултетот во Скопје, HR ентузијаст и вљубеник во современата психологија, со 5 годишно искуство како полициски службеник во Министерството за внатрешни работи.

Верувам дека една од најбрзите и најдобри техники за „подобро утре“ е ретроспекцијата. Како да се биде подобар денес, од вчера? Како што минуваат деновите, ретко обрнуваме внимание на нашите минати постапки. Правиме секојдневни работи, механички, континуирано, вообичаено. Но, нашето минато е нашето најголемо огледало за тоа кои сме.

Минатото изобилува со можности за учење за нашата сегашност и иднина, но само ако погледнеме кон себе. Оливер Вендел Хомс, Џуниор изјавил: „Кога сакам да разберам што се случува денес и да се обидам да разберам што ќе се случи утре, гледам наназад“. Ова е нешто што можете да го користите во секој сегмент од вашиот живот. Секој ден е различен и секој ден е ист. Значи, она што сакате да го промените зависи од вашето ниво на свесност за однесувањето.

Ретроспекцијата на денот е многу важна навика која треба да се стекне. Тоа е чин на справување со минати настани и активности. Можеби вака не звучи ветувачки, но има големо влијание врз вашата личност. Способноста да ги препознаете вашите постапки во текот на еден ден е клучно за понатамошен личен разбој и подобрување.

Најлесен начин да научите како да ги препознаете е преку практикување на следнава вежба. Предлагам да ја правите неколку ноќи по ред. Не трошете, туку инвестирајте 10 минути пред спиење размислувајќи за тоа што сте направиле откако сте се разбудиле утрово.

Обидете се сетите колку што можете повеќе. Дали го поздравивте соседот со „Добро утро“ или едноставно поминавте покрај него без да кажете ништо? Направивте кафе за колегата или само за себе? Поентата е, размислете за најситните активности и ќе видите колку тие влијаат на вас.

Откако ќе се сетите на вашите дејствија, земете парче хартија и нацртајте образец поделен на три области:

  • Започни – што треба да започнете да правите?

Дали забележавте дека нешто недостасува на дневна основа? Што би сакале да правите почесто за да се чувствувате подобро?

  • Стоп – што треба да престанете да правите?

Што ве тера да одолговлекувате? Што е тоа што прави да се чувствувате помалку вредно? Елиминирајте барем една неважна активност, која ќе ги подобри останатите.

  • Продолжи – што треба да продолжите да правите?

Која активност ве прави да се чувствувате горди? Како би се чувствувале доколку ја правите таа активност почесто или поретко? Дали го подобрува расположението?

Бонус вежба: 1 мин. ретроспекција.

Бидете во тивка и удобна средина. Повторно ќе ви треба хартија и пенкало за да ги напишете вашите мисли. Но, во оваа вежба, не треба претходно да размислувате за денешните постапки.

  1. Поставете тајмер на 1 минута.
  2. Запрашајте се: Што направив денес?
  3. Вклучете го тајмерот.
  4. Дозволете вашите мисли сами да никнат.
  5. Запишете на вашата белешка.
  6. Набљудувајте и сумирајте

Овие активности би можеле да се прават и со работни тимови, така што менаџерите можат лесно да дознаат за нивните навики, потенцијални проблеми, задоволства и фрустрации на работното место.

Ако никогаш претходно не сте направиле ретроспектива, ова е добар начин како да почнете и да се запознаете со техниката. Присетете се на сè она што поминало денес и фокусирајте се на она што предизикало позитивни чувства. Ќе ви помогне за понатамошното донесување одлуки и ќе стекнете подобра контрола над себе.

Ретроспекцијата е интроспекција, па запрашајте се: „Дали бев подобар денес од вчера?“.

За авторот:

Ивана Кајеска е дипломиран психолог при Филозофскиот факултетот во Скопје, HR ентузијаст и вљубеник во современата психологија, со 5 годишно искуство како полициски службеник во Министерството за внатрешни работи.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...