SINGULAR СО ТРИ ОСВОЕНИ НАГРАДИ НА BEST EMPLOYER BRAND ADRIA AWARDS 2023

од 24HR

Singular, интернационална ИТ компанија и бренд на Flutter Entertainment, освои три награди на овогодинешните Best Employer Brand Adria Awards 2023 во Загреб, Хрватска. Тимот на Singular за првпат учествуваше и победи во категориите Best Employer Brand – Medium Companies, Best Employer Brand – External Communication и Best Employer Brand Team.  

„Навистина ми е драго што е препознаен трудот којшто го вложуваме не само во нашите продукти, туку и во компаниската култура. Освоените награди се само уште еден доказ за посветеноста на нашиот тим и вредностите што ги негуваме секојдневно. Успехот многу нѐ радува, но дефинитивно и нѐ мотивира да продолжиме со нашите активности коишто ја доближуваат јавноста поблиску до Singular и до тоа што значи да си дел од овој тим“, вели Дарко Гацов, Оперативен Директор. 

Наградите ставаат акцент на повеќе фактори како конзистентост и креативност во интерната и екстерната комуникација, негувањето на компаниските вредности во рамки на employer brand активностите, резултати од кампањи, но и клучната улога што ја има тимската соработка.  

 „Позади успехот на нашиот тим не стојат само позитивни резултати од кампањи и активности, туку и огромниот труд и љубов што секојдневно ги вложуваме во нашата работа. Горди сме што нашиот придонес кон компаниската култура доби толку престижно признание, што дополнително ни дава инспирација да продолжиме да ја раскажуваме приказната на тимот – нашата #SingularStory,“ додава Љубица Николовска – Чорбаџиева, Communications & Employer Branding Manager.  

Тимот на Singular ја прикажува компаниската култура преку разни кампањи коишто пред сѐ покриваат интерни настани, достигнувања и вредности, но и низ призмата на самите вработени. Оваа година Singular ја започна кампањата WE BENEFIТ која што се фокусира на компаниската култура и вработените и како “they fit”. Кампањата беше креирана како еден вид на платформа која не само што ја прикажува културата на компанијата, туку се прикажуваат и вработените со нивните лични цели и пасии надвор од работното место. 

Кампањата ги промовираше и новите придобивки за вработените меѓу кои и 30 дена платен одмор, платено родителско отсуство за двајцата родители, пристап до најдобрите апликации и платформи за ментално здравје, можност за remote work во која било дестинација во времетраење од 20 дена и буџет за team morale активности.

За повеќе информации за Singular, компаниската култура и отворени работни позиции, посетете ја: https://careers.flutterinternational.com/our-brands/singular/ 

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...