Специјалист за Човечки ресурски

од 24HR

Финансиско друштво M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.

Финансиско друштво М КЕШ Македонија е финансиска институција, дел е од Management Financial Group (MFG), која обезбедува финансиски услуги во Бугарија,Украина, Романија,Полска,Чешка и Македонија.

Како резултат на брзата експанзија како преку онлајн услугите така и преку директната услуга во Продавниците за пари и одржување на позицијата лидери на пазарот, ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје има потреба од надополнување на тимот на позиција Специјалист за човечки ресурси.

Опис на работни задачи:

  • Административна подршка на одделот
  • Изготвување и водење на целокупна документација за човечки ресурси ( договори за    вработување, потврди, решенија, спогодби, анекси и сл. )
  • Соодветно архивирање на целокупната документација поврзана со вработените
  • Постојано ажурирање на податоците за вработените во сите бази и евиденции
  • Изготвување на експорти за прилив и одлив на кадар и давање препораки
  • Мерење на перформанс на вработени
  • Планирање и спроведување стратешки менаџмент
  • Водење и ажурирање на  досие за секој вработен
  • Следење и водење на евиденција за редовност на вработени
  • Пријава и одјава на вработени
  • Објава на оглас за вработување, селекција на кандидати, закажување и одржување на интервјуа
  • Проактивно работење и споделување идеи и стратегии за мотивација на вработени,
  • Планира, раководи, развива, координира и имплементира политики, процеси, обуки, иницијативи и анкети за поддршка на организациските и стратешките потреби
  • Останати работни задачи од делокругот на своето работно место согласно укажаната моментална потреба, по налог на Претпоставениот или Работодавачот.

Потребни квалификации:

  • Високо образование
  • Познавање на Microsoft Office
  • Високо ниво на техничка спремност
  • Задолжително искуство во различни HR функции ќе се смета за предност
  • Познавање на Англиски јазик
  • Високо ниво на интегритет и доверливост
  • Способност за работа во тим
  • Посветеност и одговорност кон задачите и работата
  • Можност за извршување на задачи во куси рокови и справување со работа под притисок
  • Одлични  организаторски и комуникациски способности

Ние нудиме:

  • Компетитивна плата
  • Приватно здравствено осигурување
  • Пријателска работна атмосфера
  • Динамична и одговорна работа со постојан раст
  • Работа со тим од професионалци и индивидулаци,кои веруваат во интегритет,тимска работа и отворена комуникација
  • Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа
  • Можност за континуиран кариерен развој
  • Ваучер за склучен брак
  • Ваучер за раѓање дете
  • Слободен ден за прваче
  • Училишен сет за децата на вработените

Испратете го вашето CV или мотивационо писмо на careers@mcash.mk

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...