Секторот за Човечки ресурси за East Gate Mall, Нептун МК, Сервис МК како дел од Балфин групацијата во Македонија поради зајакнување на тимот отвара ново работно место:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА И ПЕРСОНАЛНА АДМИНИСТРАЦИЈА
Доколку сте одговорна, енергична, лојална, посветена и тимски ориентирана личност, со соодветни квалификации, спремна за нови предизвици, аплицирајте!
Одговорности:
Пресметка на плата
- Врши навремена подготовка на сите потребни параметри за пресметка на плата на месечно ниво и гарантира навремена и точна пресемтка на плата за вработените на компанијата во согласност со компаниските процедури, регистрацијата на работното време, сметководствени стандарди и законската регулатива
- Ја контролира евиденцијата на работното време и ги пресметува работните часови
- Врши пресметка на сите додатоци на плата како бонуси, прекувремени часови, празнични часови, ноќна работа, боледувања, награди и одбитоци од плата и слично
- Ги следи и спроведува измените во законската регулатива за оваа област
- Прави подготовка на податоци за исплата на регрес и достава до службата за финансии
- Подготвува и доставува пресметки за плата кај вработените, на месечно и годишно ниво
- Изработува, прибира и контролира документација која произлегува како резултат на законските обврски на компанијата поврзани со вработените во делот на својот домен на работа.
Кадрова администрација
- Подготовка на документација потребна за вработување и престанок на работен однос, креирање на одлуки, анекси на договори за вработување и останати документи по основ на работен однос
- Водење и тековно ажурирање на персоналните досиејата на вработените
- Одржува редовна и навремена комуникација со одговорните менаџери на сектори/ одделенија во својот домен на одговорности
- Издавање на разни потврди на барање на вработените
- Следење и изработка на целата документација за право и користење на годишните одмори на вработените на компанијата, систематски прегледи, картички за регистрација на работно време
- Следење и водење на процесот на евиденција на присуство/отсуство на вработените, креирање на извештаи за редовност на работа
- Води евиденција за сите направени испитувања во однос на пропишаните законски регулативи за безбедност и здравје при работа
- Подготвува и доставува извештаи во својот домен на одговорности за потребите на компанијата
- Врши прибирање и документирање на сите документи кои задолжително се чуваат согласно законските прописи во својот домен на одговорности
Потребни квалификации:
- ВСС, предност Економски науки
- Минимум 5 години претходно иксуство во областа пресметка на плати и бенефиции, вклучувајќи и искуство во водење на персонална администрација
- Одлично познавање на системите на плати и бенефиции (пожелно во интернационални компании)
- Одлично познавање на процесите на персонална администрација (договори за вработување, процес на вработување, одјавување и сл.)
- Одлично познавање на законската регулатива во областа на работните односи, посебно во делот на пресметка на плата, социјално и здравствено осигурување, персоналната администрација, како и сродната законска регулатива
- Развиени аналитички способности
- Пожелно искуство со статистички и аналитички техники
- Прецизност, точност, ефикасност, професионална етика и одговорност
- Одлично познавање на англиски јазик и MS Office (со фокус на Excel)
- Организирана, позитивна, проактивна, комуникативна личност со развиена способност за аналитичко, структурирано и логичко размислување со одлични комуникациски вештини
Нашата компанија нуди:
- Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
- Работа со тим на професионалци
- Можност за континуиран развој и напредување
- Компетитивна плата
- Годишен бонус врз основа на оценета перформанса
Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим кој е амбициозен, посветен и иновативен и истовремено верувате дека можете да дадете активен придонес за понатамашно развивање и унапредување на HR практиките и процесите, испратете го вашето „Писмо на Интерес„ и Вашата „кратка биографија – CV„ преку означеното поле.
Огласот е активен до: 04.07.2023
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА И ПЕРСОНАЛНА АДМИНИСТРАЦИЈА (neptun.mk)
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.