Дали сте почетник или пак сакате да го обновите своето знаење во областа на јавните набавки?
Ви ја претставуваме специјализираната обука „Јавна набавка од А до Ш“, наменета за почетници и за оние кои сакаат да го освежат своето знаење во организација на АЦТ! ДОО Скопје. Оваа обука е совршена можност за практична едукација преку реални примери и ќе опфати целосен преглед на процесот на јавни набавки, со цел создавање на квалификуван и професионален кадар.
Детали за настанот:
- Датум: 3 октомври 2024 (четврток)
- Време: 10:00 – 16:00 часот
- Место: Хотел Холидеј ин, Скопје
Оваа обука е наменета за лица кои работат во област на јавни набавки, од договорни органи, лица-единици за јавни набавки, членови на комисии, економски оператори, сопственици на компании и консултанти. Обуката ќе ве води низ целиот процес на јавни набавки – од планирање на постапки, изработка на тендерска документација, евалуација на понуди до успешна подготовка на понуди.
Со учество на обуката, ќе добиете важни информации за правилно спроведување на постапките, со што ќе придонесете за поквалитетни понуди и подобра вредност за јавните пари. Дополнително, учесниците ќе имаат можност да поставуваат прашања и да добијат стручни одговори од врвни експерти во областа.
Предавачи:
- м-р Марија Јованоска, експерт за јавни набавки со долгогодишно искуство во областа
- м-р Горан Давидовски, експерт за јавни набавки со долгогодишно искуство во областа
За повеќе информации и пријавување, обратете се на: obuki@act.com.mk
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.