Sport Life донираше над 700.000 денари за центарот за деца со аутизам во Охрид

од 24HR

Хуманитарната акција на Sport Life „НАВИВАМЕ ЗАЕДНО ЗА МАКЕДОНИЈА“ која траеше од 11-ти до 21-ви јуни, обезбеди вкупно 712.500 денари, средства наменети за поддршка на Центарот за рани интервенции и третман кај децата со нарушувања од аутистичниот спектар во Охрид.

Во деновите додека навиваме за нашата репрезентација на ЕУРО2020, Sport Life својата поддршка ја изрази со издвојување на средства за донација од секој уплатен тикет со одигран натпревар со македонската репрезентација.

„За нас во Sport Life, спортскиот живот и општествената одговорност секогаш одат заедно. Заедно навиваме и заедно со нашите играчи и членови овозможивме да се соберат над 700.000 денари за подобрување на животот и условите за третман на лицата со аутизам. За таа цел го потпишавме договорот за донација со Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“ која што ќе биде наменета за нивниот центар во Охрид.“, изјави Емил Димитров, извршниот директор на Sport Life.

Sport Life, како и досега така и во иднина останува отворен за соработка со сите институции и организации за остварување на општествено одговорни проекти и цели во сите области на нашиот живот.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...