Sport Life со најубавото водено изненадување ги израдува најмладите, сите уживаа во Junior Day

од 24HR

Со повеќе од 20 години присуство на македонскиот пазар, компанијата Sport Life многу пати покажала дека е општествено одговорна, подготвена да донесе насмевки кај многу луѓе, млади и стари.

Традиционално, секоја година, Sport Life организира Junior day посветен за децата на вработените во компанијата. Тоа е денот кој најмладите и најмногу го сакаат, но и денот за кој потоа прераскажуваат и зборуваат во текот на целата година.

Оваа година, акцентот се стави на тоа, летото и распустот да го го испратиме на најубав можен начин, со дружба во Аqua park во Пробиштип. Со организиран превоз, повеќе од 300 деца и родители тргнаа во авантурата со водените лудирии кои ги нуди најубавиот и напознат Аква парк во Македонија.

Целодневно водено уживање, предизвици да се пробаат сите тобогани, да се ужива во „мрзливата река“, како и уживање во диско ритамот и забавата кој ја направи Ди Џеј Боно. Сето тоа беше „зачинето“, со многу освежителни пијалоци, сендвичи, пици, сладоледи, како и многу други слатки и солени закуски.

Едноставно Sport Life уште еднаш покажа и потврди дека се грижи за сите вработени во фирмата, но и за нивните најмили, за децата. Прекрасниот ден поминат во Аqua park во Пробиштип ќе се памти се до следниот голем предизвик и изненадување кое со нетрпени го очекуваат децата.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...