На 14 јуни 2024 година, во просториите на Teleperformance во Скопје, се одржа третата работилница „Задржување на таленти“, дел од серијата на работилници за човечкиот капитал „Hu-Ca-Thon“.
Оваа работилница, организирана од Step Up со поддршка од Македонската Асоцијација за Човечки Ресурси, привлече значајни претставници од бизнис секторот кои преку активна дискусија ги истражуваа најгорливите прашања во поглед на задржување на таленти и разменуваа идеи за нивно трајно решавање.
Фасилитатори на работилницата беа Надица Ставрова ХР менаџер во Телеперформанс, Дарко Петровски, Основач на StepUp и Претседател на Македонската Асоцијација за Човечки Ресурси, и Јоханес Хајдекер, Економски Советник на Владата на Република С. Македонија, . Нивните презентации и воведни обраќања поставија основа за плодна дискусија меѓу присутните.
„Оваа работилница ни овозможи длабоко да навлеземе во предизвиците со кои се соочуваме во задржување на талентите и да размениме искуства и стратегии за подобрување на нашите практики. Посветеноста на компаниите и нивната соработка во овие иницијативи се клучни за создавање на посилни и поодржливи организации,“ изјави Надица Ставрова, HR Mенаџер на Teleperformance, која беше домаќин на овој настан.
Телеперформанс како општествено одговорна компанија се залага кон постојан допринос и грижа не само кон своите вработени, туку и кон заедницата. Ние ќе продолжиме да учествуваме и да воведуваме дополнителни стандарди и практики кои што се значајни не само за бизнисот, туку и за околината во која работиме и делуваме, потврди Ставрова.
Серијата работилници „Hu-Ca-Thon“ е поддржана од неколку билатерални комори и други партнери и има за цел да ги идентификува предизвиците и можните решенија за најголемите проблеми со кои се соочуваат HR професионалците на пазарот на трудот во Македонија.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.