недела, декември 28, 2025
Почетна НовостиТриглав Осигурување Живот на финансискиот караван на НЛБ Банка

Триглав Осигурување Живот на финансискиот караван на НЛБ Банка

by 24HR

Триглав Осигурување Живот во текот на овој месец ќе биде дел од финансискиот караван организиран од страна на НЛБ Банк 

Финансискиот караван кој годинава ќе се одржи по вторпат пред експозитурите на НЛБ Банка низ земјатаод 5 мај до 5 јуни, има за цел да ги едуцира и советува клиентите  на Банката за различни осигурителни и инвестициски финансиски продукти.. Клиентите ќе имаат можност да дознаат повеќе за активностите  и соработката на Триглав Осигурување Живот и НЛБ Банка, како и подетално да се запознаат со придобивките на Унит Линк производот на Триглав животното осигурување.

Унит линк производот е нов и атрактивен осигурителен продукт кој нуди балансирана распределба и инвестирање на средства во удели на инвестициски фондови, а истовремено прави баланс помеѓу делот од премијата која служи за купување на удели во инвестициски фонд и премијата која овозможува загарантирано осигурително покритие во случај на смрт на осигуреникот.

Покрај информации поврзани со Унит Линк производот, клиентите ќе можат да добијат и финансиско советување кое ќе им овозможи носење правилни одлуки за  финансиска сигурност во иднина. Тимот на Триглав Осигурување Живот за клиентите подготви и квиз со прашања за кој ќе се добиваат  симболични подароци.

Распоредот за караванот и точните локации, сите заинтересирани може да ги најдат на социјалните мрежи на Триглав Осигурување Живот и НЛБ Банка, како и на веб страната на Банката на линкот

Повеќе информации на:

 02 5102-201

info@triglavzivot.mk

Триглав Осигурување Животза живот со насмевка!

Related Posts

Leave a Comment