Твојата кариера во Македонски Телеком

од 24HR

Дали си подготвен да оставиш свој белег во светски рамки, да се бориш за тоа во што веруваш и секојдневно да растеш во рамки на глобална мрежа со екперти од сите области? Тогаш стани дел од нашиот тим, кој ќе ти даде можност да го направиш токму тоа. Прочитај повеќе за нас и за тоа зошто твојот свет ќе биде многу подобар во бојата на Магента.

Како е да се работи за нас?

Ние имаме силни вредности кои се стремиме да ги практикуваме секојдневно. Тоа не се само корпоративни слогани, туку секој од нас стои зад овие вредности со своите производи, иницијативи, проекти и со начинот на кој ги правиме нештата. Тука секој е добредојден, бидејќи она што нам ни е важно се само твоите вредности и потенцијал да ја креираш иднинатата. Ние исто така сметаме дека ако не се развиваш, тогаш не напредуваш во денешниот свет кој постојано се менува. Затоа ние внимателно го водиме секој вработен во насока на континуиран професионален развој и создаваме можности заедно да растеме на секое поле.

ТЕКОВНИ ОГЛАСИ

ПРАКСА ВО КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА НА ТЕХНИЧКИ УСЛУГИ (STREAM)

Македонски Телеком има потреба од студенти од техничките факултети за обавување на платена пракса во Корисничка поддршка на технички услуги (Stream) со локација во Скопје, во времетраење од 6 месеци со можност за продолжување, со полно работно време.

Aнгажираниот практикант би ги извршувал следниве активности:

  • Техничка поддршка на второ ниво на технички услуги за отстранување на пречки и обезбедување на сервиси кон корисниците за портфолио на стандардни сервиси;
  • Испитување, решавање и затворање пречки опфатени со процесот на автоматска дијагностика;
  • Реализирање на испитување и отстранување на пријавени пречки на второ ниво на техничка поддршка за кориснички стандардни  сервиси;
  • Работа во системите за менаџирање со активна и пасивна пристапна мрежа;
  • Работа во апликациите за кориснички пријави, технички inventory податоци, управување со пречки;
  • Учество во процесите за оперативна поддршка на регионалните сервисни центри;
  • Покривање на вообичаените задачи и должности во Службата.

Доколку поседувате тимски дух и иницијативност, сакате да сте дел од технолошки развиена компанија, а студирате на технички факултет, не чекајте и пратете ја својата биографија најдоцна до 01.11.2023, електронски со кликнување на копчето Пријави се со назнака Пракса во техника.

Огласот ќе биде објавен на ден 25.10.2023 година и ќе трае до 01.11.2023 година.

Контакт информации тел. 02/3 242-283

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...