Утрово во Хотел Хилтон започна целодневната конференција Firestarter ’23.

од 24HR

Firestarter ’23 е интернационална конференција за искуство на клиенти и вработени во организација на Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени МАЦЕКС. На конференција учество имаат менаџерските тимови од најголемите македонски компании. Firestarter ’23 претставува нова платформа за размена на искуства и знаења со регионален карактер и има за цел да ги адресира двете најважни сили на секој бизнис задоволни клиенти и вработени.

На денешната конференција со свои презентации ќе се обратат предавачи од Австрија, Италија, Словенија, Србија и наши успешни менаџери кои ќе зборуваат за нови трендови и перспективи во водење на бизнисите и овозможување исклучителни кориснички искуства. Во фокусот на оваа конференција ќе биде формулата за успех среќни вработени и задоволни клиенти до успешен бизнис!

На отворањето на конференцијата се обрати претседателката на МАЦЕКС, Христина Велковска која истакна дека фокусот на конференцијата се двете најсилни движечки сили на секој бизнис и голем и мал, без разлика на секторот и индустријата, а тоа се лојални клиенти, и лојални вработените кои ќе бидат вистински бренд амбасадори.

„Едноставната формула за успех во која денес ќе се обидеме да проникнеме преку различни искуства и најнови трендови е преку среќни вработени – задоволни клиенти- до успешен бизнис!  Сите сме свесни дека времињата и условите на пазарот се менуваат, и затоа неопходно е да сме агилни, да се прилагодуваме преку зајакнување на внатрешните системи за вистинско управување со потенцијалот на луѓето и следење на новите технологии и начини на работа. Вработените кои чувствуваат припадност, имаат и повисок степен на одговорност, грижа и продуктивност во својата работа, што се гледа преку грижата за крајните корисници. Што повеќе ги хуманизираме нашите пристапи и нашите компании ги направиме насочени кон луѓето толку повеќе ќе ја зголемиме нашата конкурентска предност.“ – истакна Велковска

Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени е формирана со цел да ги поддржи и да ги поттикне организациите да создаваат исклучителни искуства и за клиентите и за вработените!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...