Вербаториа е иновативен начин за канализирање на потенцијалот на вработените во функција на континуиран раст и развој

од 24HR

Колумна на Надица Диздаревиќ Јованоски-Неврометрист и советник за откривање и развој на човечки потенцијали – анализа на вродени таленти

Успешноста на една компанија зависи од ангажираноста и задоволството на вработените. Овие параметри не зависат само од надворешните фактори, туку и од правилната проценка и вистинското насочување на потенцијалите и талентите на секој вработен поединечно.

Оценувањето на перформасите од страна на менаџментот иако многу потребно, е најчесто непожелно и непријатно искуство за вработените. Ова се должи пред се на напорните техники, тестови и методи, но пред се на психолошкото влијание врз вработените и стравувањето од резултатите.

Стандардните техники кои се применуваат во најмала рака создаваат чувство на непријатност, неизвесност, несигурност а во некои случаи напнатост и неволност кај вработените.

Центарот за откривање на вродени таленти „Вербаториа“ нуди еден нов, иноватен, лесно прифатлив и забавен начин за тестирање на вашите вработени, кој пред се е објективен, точен и долгорочен.

Нашето неврометриско тестирање е уникатен интернационален метод преку кој се мерат мозочните бранови додека личноста одговара на едноставни прашања и задачи од внимателно одбрани области.

Мерењата се фокусираат на природните способности на поединецот во различни домени и можноста да се нагласат силните страни, што ќе му овозможат развој и постигнување на максималните потенцијали.

Самиот пристап е објективен при кој не се важни точни или неточни одговори туку само природниот процес на мозокот на личноста.

Наменет е за сите профили и сектори во компаниите бидејќи секој вработен претставува посебно важна индивидуа, но и алка со голема вредност во синџирот наречен компанија.

По пат на ова тестирање, вие како менџмент ќе дознаете што треба да направи вашата компанија за да го извлече најдоброто од секој поединец. Ќе ги откриете талентите и потенцијалите на вашите вработени што ќе ви помогне лесно да менаџирате со цел нивно кариерно развивање и имплементација во склоп на работните обврски но, секако и во правец на поголема успешност на компанијата.

Со максимизирано искористување на перформансите на вашите вработени ќе имате можност за создавање на попродуктивни тимови, но и откривање на вистинските таленти во редовите на вашите вработени.

Резултатите од тестирањето ќе ви дадат јасна и објективна слика за емпатијата и самодовербата која ја имаат вашите вработени, но и за степенот на разбирање и остварување на соработка со клиентите.

Ќе дознаете и кои ваши вработени се способни да донесат соодветни одлуки во стресни ситуации и кои од нив поседуваат висока самосвест и ориентираност кон другите луѓе.

Зошто треба да одберете Вербаториа тестирање?

Тестирањето претставува објективна анализа која се прави еднаш во животот. Резултатите од тестирањето се ултимативна алатка при носење на било каква одлука за идниот професионален ангажман или достигнување на внатрешна хармонија.

За вас како компанија е одлична можност да дознаете каков „арсенал“ поседувате во своите редови а воедно да ги откриете „резервите“ односно неоткриените таленти. Ова ќе ви биде од корист при реорганизација или доколку се стремите кон поголема ефикасност во извршувањето на задачите.

Ќе ја зголемите мотивираноста и продуктивноста на вработените бидејќи ќе имате можност да ги комбинирате нивните силни интелигенции односно ќе знаете како секој еден вработен најлесно размислува, разбира или на кој начин долготрајно меморира информации.

Едноставен е и забавен па голем дел од вашите вработени ќе го доживаат како „team building“ активност и ќе бидат презадоволни.

Таков беше случајот со нашето последно тестирање во компанија од областа на рекламирањето.

На покана на менаџментот бевме „гости“ во компанијата неколку денови. Бевме пријатно пречекани од страна на вработените, кои на почетокот можеби беа со мала доза на скептицизам бидејќи за нив ова беше нешто ново и непознато.

Но, тестирањето помина во позитивна и опуштена атмосфера, со многу забавни моменти но и моменти на себе откривање и свесност за своите чувства. Голем дел од вработените беа фасцинирани од неверојатните аспекти кои ги осознаа за нив самите како личности и се она што го носат во себе а за кое не знаеле или не биле свесни до тогаш.

Поради тоа и целото ова доживување го етикетираа со фразата „вистинска трансформација“.

Менаџментот беше презадоволен од текот но и од резултатите бидејќи подоцна успешно ги применија во ресоздавање и јакнење на компаниската култура, реорганизација на тимовите но и остварување на главната цел, максимизирање на потенцијалот на вработените во насока на оставрување на стратешките цели на компанијата.

Тоа што е најбитно е дека ова тестирање е „ones in a lifetime“. На овој начин не само што компанијата ќе има бенефит односно можност за достигнување на повисоко ниво на успех и просперитет, туку и вработените ќе знаат дека се валоризирани и прифатени како важен и вреден сегмент на компанијата, бидејќи компанијата вложува во нешто што ќе им остане за нив засекогаш.

Самото тестирање има голем психо – социјален импакт врз вашите вработени, а нашите неврометристи при читање на резултатите на вашите вработени ќе им дадат насоки за комплетно искористување на своите потенцијали во склоп на работата но и насоки како најдобро да го искористат своето слободно време во склоп со нивните вродени потенцијали и потреби.

На тој начин добивате „win – win“ комбинација односно успешна компанија со среќни, исполнети, ангажирани и продуктивни вработени.

Доколки сакате сево ова да го примените во вашата компанија Центарот за откривање на вродени таленти „Вербаториа“ е вашиот нов соработник и ви стои на располагање.

Контактирајте не нашиот LinkedIn профил.

За авторот:

Надица Диздаревиќ Јованоски

Неврометрист и советник за откривање и развој на човечки потенцијали – анализа на вродени таленти

Сертифициран Менаџер за човечки ресурси

Магистер по социјална работа

Дипломиран социјален работник

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...