За прв пат во Македонија се одржува Виртуелен саем за практиканство кој ќе биде три дневен настан и ќе се одржи од 16-ти до 18-ти Мај 2022 година.
Целта на саемот е поврзување на што поголем број студенти и дипломци со компании за пракса и идно вработување од цела Македонија.
Виртуелен е поради тоа што ќе биде на ниво на цела Македонија без никакви просторни огранучување, за да може секој студент да присуствува и да разговара со потенцијлен работодавач со цел да си ја пронајде неговата идна пракса и да ја стартува својата кариера.
Организатор на настанот е bintern.com, првата македонска платформа која поврзува компании со млади кадри за пракса и вработување.
Најдоброто време да се засади дрво беше пред 20 години, а следното најдобро време е денес! – Кинеска поговорка.
Тоа во контекст на саемот значи дека инвестирањето во млад кадар, односно практиканти е најважното нешто што треба да го прават компаниите. Вашите денешни практиканти ќе прераснат во вработени кои ќе ја водат компанијата напред. А исто така и дека секој студент и дипломец треба да биде активен и да бара можности за пракса уште денес, со цел утре да прерасне во професионалец.
Неколку работи кои ќе се случуваат од 16-ти до 18-ти мај на Виртуелниот саем за практикантство се:
– Панел дискусии:
Споделување на знаење, искуство, мислења, идеи помеѓу компаниите и студентите со цел подобрување на практикантството во Македонија.
– Вмрежување:
Одлична можност за вмрежување на студентите и дипломците со компаниите.
– Наоѓање на пракса и започнување на кариера
Компаниите кои ќе бидат дел од саемот имаат отворени позиции за пракса и активно бараат млади и амбициозни луѓе, токму еден од нив можеби сте и вие.
– Многу посетители
Можност за поврзување со голем број на студенти и дипломци кои се заинтересирани да ја започнат нивната кариера. И одлична можност за претставување на компаниите.
Бидете дел од овој незаборавен саем и стекнете се со нови контакти од цела Македонија. Преку саемот се очекува склучување на многу успешни соработки помеѓу компаниите со студентите и дипломците.
Повеќе информации и начин на пријавување на vfair.bintern.com или можете да се обратите на contact@bintern.com / +389 75 321 496.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.