Бесплатна едукативна сесија за Employer Branding

од 24HR

Резервирајте место на бесплатната едукативна сесија за Employer Branding на VITA INSTITUT која ќе се одржи во понеделник на 20.09.2021 во Јавна соба.

Што е Employer Branding? Зошто е потребен и неопходен? Како да ја создадете вашата прва Employer Branding стратегија? Одговорите на сите овие прашања, но и многу повеќе за оваа жешка тема ќе дознаете на бесплатната едукативна сесија за Employer Branding која VITA INSTITUT ја организира за македонската ЧР заедница.

Покрај тоа, на овој информативен настан ќе имате можност да се запознаете со менторите на Академијата за Employer Branding на VITA INSTITUT и подетално да се информирате за програмата и за се она што ќе ве очекува за време и по завршувањето на единствената сертифицирана програма за Employer Branding и како таа ќе ја издигне вашата кариера и компанија на повисоко ниво.

Настанот е целосно бесплатен и на него се поканети сите професионалци за човечки ресурси кои слушнале за Employer Branding, но имаат потреба од насоки, вештини и поддршка во креирањето на нивната прва стратегија за Employer Branding која ќе ја позиционира нивната компанија како посакуван работодавач на пазарот.

Сите заинтересирани можат да го пријават своето присуство на следниот линк. Доколку сте заинтересирани, направете го тоа побрзо бидејќи бројот на учесници е ограничен!

Аплицирајте за стипендија во VITA INSTITUT

VITA INSTITUT нуди и уникатна можност да добиете стипендија за Академијата која ќе ви овозможи да се стекнете со применливо знаење и искуство од најдобрите HR експерти со кое ќе може самостојно да воспоставувате модерни практики за менаџмент со човечки ресурси во својата компанија и да станете сертифициран експерт за Employer Branding.

Аплицирајте веднаш на www.vitainstitut.com или дојдете на бесплатната инфо сесија на 20.09.2021 (понеделник) во Јавна соба и дознајте повеќе за стипендијата!

За VITA INSTITUT

VITA INSTITUT за едукација, менаџмент косалтинг и коучинг е професионален институт фокусиран на организацискиот развој и развојот на луѓето, лидерството и организациската култура на компаниите во приватниот сектор, но и на институции од јавен сектор, асоцијации и невладини организации. Тимот на институтот го сочинуваат докажани HR експерти и сертифицирани коучеви, како и подеднакво успешни партнериски организации.

За Академијата за Employer Branding

Академија за Employer Branding, на VITA INSTITUT претставува единствена академија во земјата, која нуди напредни вештини за менаџмент со човечки ресурси, лидерство и Employer Branding. Академијата има уникатен пристап, комбинирајќи 6 модули на „masterclass“ предавања за напредни знаења и вештини и индивидуализирани (еден на еден) сесии за менторство и коучинг на учесниците. Прочитајте повеќе на www.vitainstitut.com.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...