Работењето на Групацијата Триглав до одреден степен е изложено на ситуацијата што произлегува од војната во Украина и поврзаните санкции против Русија и Белорусија. Групацијата проценува дека нејзината моментална изложеност е ограничена и ниска и дека неизвесноста во иднина ќе произлезе главно од влијанието на оваа ситуација на финансиските пазари. Во согласност со воспоставената практика, Групацијата ќе продолжи да обезбедува транспарентни информации за јавноста.
Врз основа на расположливите податоци, Групацијата Триглав ја процени нејзината моментална изложеност на војната во Украина и поврзаните санкции против Русија и Белорусија. Последиците од оваа ситуација остануваат неизвесни, што го оневозможува формирањето на сигурна проценка за нивните ефекти врз работењето на Групацијата оваа година.
Групацијата проценува дека директната изложеност на нејзиниот осигурителен и реосигурителен бизнис на војната во Украина е ниска. Дополнително, и изложеноста на реосигурителниот бизнис на Групацијата на санкции наметнати против Русија и Белорусија е ниска. Групацијата, исто така, ја процени директната и индиректната изложеност на нејзиното инвестициско портфолио на тековната состојба. Поради географската диверзификација на портфолиото, директната изложеност на Групацијата кон руските издавачи е ограничена само на обврзници и сочинува 0,3% од вкупните средства на Групацијата. Инвестициското портфолио на Групацијата е индиректно изложено на случувањата на пазарите на капитал како резултат на војната во Украина.
Во сегашната ситуација, Групацијата идентификуваше зголемени сајбер ризици, со кои што соодветно управува во рамките на сеопфатниот систем за управување со ризици.
Заваровалница Триглав
Заваровалница Триглав е водечка словенечка компанија, која нуди класично осигурување и е матично друштво на Групацијата Триглав. Се состои од мрежа од 12 подрачни единици, 38 претставништва, со бројни продажни групи и места за склучување на договори и со преку 660 претставници за осигурување низ цела Словенија. Понудата ги вклучува сите видови приватни и имотни осигурувања, како што се осигурување на имот и имотни интереси, автомобилски, земјоделски, транспортни осигурувања, осигурувања на побарувања, како и осигурувања за слободно време и патувања. Заокружената понуда на приватни осигурувања се состои од сите облици на осигурувања на живот, рентни, пензиски, здравствени осигурувања и осигурувања во случај на незгода.
Групација Триглав
Групација Триглав со своето знаење, искуства и финансиска моќ веќе скоро 120 години ја оправдува довербата на своите клиенти, дека најдобро ќе се погрижи за нивната безбедност и иднина. Клучните столбови на работењето се осигурителната дејност и управувањето со имот. Најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адрија, како и една од водечките во Југоисточна Европа, работи во шест држави, на седум пазари и вработува повеќе од 5.000 луѓе. Групацијата Триглав ги задржува цврстата финансиска стабилност, високата адекватност на капиталот и профитабилноста во работењето, што ги потврдуваат и високите бонитетни оценки »A«, добиени од две признати агенции за кредитен рејтинг. Главните вредности на компанијата се едноставноста, агилноста и доверливоста, а мисијата е градење на безбедна иднина. Со својата визија се стреми кон динамичен развој на нови начини на работа, кои што претставуваат темел на одговорен, долгорочен развој, а истовремено работи профитабилно и безбедно.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.