Во А1 учењето никогаш не запира!

од 24HR

Интервју со Иван Роглиќ-Постар специјалист за развој и ангажираност на вработените

1.   Интересна парола. Што претставува и од каде потекнува?

Во А1 учењето никогаш не запира (In A1 learning never stops) е слоганот на нашата тековна програма за учење и развој, А1 Future Hub, која на нашите колеги им нуди современи можности за професионален развој, не само за моменталните потреби туку и за т.н.вештини на иднината (future skills). Коинцидентно, тоа е и ставот на тимот за учење и развој кој го живееме секој ден, целејки кон тоа да овозможиме едно исклучително корисничко искуство кога станува збор за учењето.

2.   Зошто учењето е од суштинско значење за успехот на една компанија?

Неодамна прочитав една мисла што убаво го започнува одговорот на ова прашање. Џеф Безос, основачот и до неодамна CEO на Амазон вели „Во бизнисот, она што е опасно е да не еволуираш!“. Учењето е суштински дел од оваа еволуција. Бесмислено е да се очекува дека бизнисот може да еволуира и да се адаптира на постојаните промени, без притоа и неговиот најголем ресурс, луѓето, да учат и да работат на својата индвидуална професионална еволуција. Еден од најголемите предизвици пред кои стои исправен современиот HR е воспоставување и одржување на т.н. Growth mindset, а со него неминовно и еден исклучително позитивен пристап кон учењето.

3.   Споменувате Growth mindset. Што е тоа?

Growth mindset е креација на Керол Двек (Carol Dweck), американски психолог од Универзитетот Стенфорд, претприемач и говорник. Накратко, да се има Growth mindset значи да се верува верува во тоа дека никој не е предодреден за нешто туку дека сè може да се научи, да се верува во моќта на учењето, да се прифатат грешките и неуспесите како суштински дел од процесот итн. Индивидуалните постигнувања при Growth mindset се вонсериски, а кога цели компании ќе го прифатат овој концепт, за возврат добиваат неприкосновени резултати.

4.   Како А1 Македонија му пристапува на учењето?

Се трудиме континуирано да испорачуваме квалитетна и релевантна понуда на развојни активности насочени кон клучни целни групи во компанијата. Накратко, ги покриваме потребите на т.н персони (personas) – оние кои имаат искуство со агилно работење веднаш ќе препознаат за што станува збор – кои ги имаме идентификувано на ниво на целата организација. Од перспектива на форматот на учењето, ги следиме трендовите и фокусот воглавно е насочен кон самостојно учење онлајн, поддржано од т.н. Communities of Practice. Имаме за секого по нешто, но да не се расплинуваме J.

5.   Како вие лично гледате на темата учење и што преземате на таа тема?

За мене учењето е веќе одамна прераснато во навика. Не можам ни да се сетам кога последен пат местото резервирано за учење останало празно во мојата неделна агенда. Вистински верувам во концептот на доживотно учење и се обидувам тоа верување да го пренесам во моето окружување. Во моментот фокусот е ставен на две работи, Microsoft Power Platform кој го користиме за дигитализација и автоматизација на многу HR процеси и развојните програми за HR професионалци на Academy to Innovate HR (AIHR).

6.   Што е следно?

Во моментот, со тимот го подготвуваме А1 Future Hub 2.0. Остануваме во чекор со трендовите, а за многу теми сме и неколку чекори понапред. Вештините на иднината (future skills before they are needed!) остануваат во нашиот фокус, но ќе имаме структурни промени во начинот на кој ќе бидат поставени и реализирани нашите развојни програми. Не очекуваат интересни и предизвикувачки месеци, но подготвени сме да одговориме на предизвикот. Во А1, учењето никогаш не запира!

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...