Започна МАЦЕКС/QUINTAUM Национална Сертификација за 2026 – движечка сила за здрави, свесни и конкурентни организации

од 24HR

Официјално започна МАЦЕКС/QUINTAUM Национална Сертификација 2026, под мотото: Triple Well™ “Work Well – Live Well – Be Well”.

Ова е трета годишна сертификациска програма во Македонија, водена од Македонската асоцијација за искуство на клиенти и вработени (МАЦЕКС), во соработка со ВИТА ИНСТИТУТ и со светски докажана методологија Quintaum, која потекнува од Словенија. Програмата е поддржана од повеќе стопански комори, деловни асоцијации и Амбасадата на Република Словенија во Скопје, која веќе неколку години активно го поттикнува пренесувањето на оваа меѓународно призната методологија во земјата. Годинава и првата државна институција Министертвото за јавна администрација ја отвора вратата за оваа светски призната методологија и го поддржува процесот на сертификација. Затоа што само преку јавно – приватно партнерство, и градење на лидерски пристап на двете страни, може да се очекуваат вистински подобрувања на национално ниво.

Со ова нашата земја се вклучува кон глобалното движење Triple Well™, чија мисија е да ги инспирира лидерите и организациите да создаваат работни средини кои не се водат само од резултати, туку и од смисла, припадност и одржлив раст. Во време кога организациската култура и човечкиот капитал стануваат клучни фактори за долгорочен успех, Triple Well™ ја става благосостојбата на луѓето во центарот на секоја деловна стратегија.

Quintaum – науката зад здравите организации

Quintaum е напредна организациска дијагностика која анализира повеќе од 350 бизнис сигнали поврзани со организациското здравје, благосостојбата на вработените и ефективноста на менаџментот. Со комбинирање на податоци, повратни информации и културолошки индикатори, оваа методологија создава целосна слика за тоа како функционира една организација одвнатре.

Преку сеопфатен и длабински пристап, Quintaum им овозможува на организациите да:

  • ја препознаат динамиката меѓу луѓето, културата, лидерството и потенцијалот за раст;
  • идентификуваат ризици од човечки фактори кои можат да влијаат на стабилноста и резултатите;
  • добијат јасен увид во ефикасноста и продуктивноста на тимовите и менаџерите;
  • развијат потенцијали за промена, иновација и раст, што создава долгорочна конкурентност.

Овој модел не е класична проценка, туку алатка за трансформација – начин организациите да го видат она што обично останува невидливо: вредностите, односите и довербата што ја движат нивната култура.

Минатогодишни резултати: кога организациите инвестираат во луѓето

Резултатите од минатогодишниот циклус на сертификација покажаа колку е моќна оваа промена во пристапот.

Учество зголемено за 31% во однос на претходната година;

Смислата и припадноста се покажаа како најсилни двигатели на отпорност и ангажираност;

Ризикот од професионално согорување (burnout) се намали на само 3.4% кај долгогодишните учесници.

Овие бројки зборуваат сами за себе – организациите што инвестираат во благосостојбата и ангажманот на своите луѓе не само што се поуспешни, туку и поотпорни на промените, подобро подготвени за кризи и попривлечни за таленти.

МАЦЕКС/QUINTAUM Национална Сертификација 2026 – пат кон свесно лидерство

Новата програма за 2026 година е отворена за сите компании/организации во Македонија кои сакаат да го зајакнат својот бренд на работодавач, да привлечат врвни таленти и да создадат работна култура што не само што опстанува, туку и напредува.

Повеќе информации и регистрација на компании/организации: од 30 октомври 2025 – 30 март 2026 на contact@macex.mk; contact@vitainstitut.com

Период на истражување: 1 ноември 2025 15 април 2026

Церемонија на сертификацијата: 21 мај 2026, Скопје Firestarter International Conference Hotel Hilton Skopje

Зошто Triple Well™, Национална сертификација на МАЦЕКС и Quintaum?

Ова не е само сертификација – тоа е дијагностика која го следи искуството на вработените и го користи за предвидувања и стратегии, преку патување кон свесно лидерство и организациска зрелост. Овозможува длабока анализа на податоци, искрен дијалог и развојни препораки, оваа програма им помага на компаниите да станат подготвени за иднината, во која успехот ќе се мери со баланс меѓу перформанс, благосостојба и одржливост.

Triple Well™ Certification 2026 го поставува новиот стандард за човекоцентрични, отпорни и конкурентни организации – каде што здравите луѓе се темел на здравите организации, а здравите организации се темел на здравото општество.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...