Започнува квалификациониот тест за студии на Бреинстер Некст колеџот според моделот Студирај сега, плаќај по вработување!

од 24HR

Бреинстер Некст колеџот како прв применет ИТ колеџ во нашата држава, неодамна го најави проектот Join Generation Next! преку кој на идните студенти им ја нуди можноста да се запишат на колеџот и да студираат без финансиски трошоци сé до нивното дипломирање или вработување, преку уникатниот финансиски модел Студирај сега, плаќај по вработување!

Со тоа, овој проект, прв и единствен од ваков тип кај нас,им нуди шанса на сите матуранти и млади лица да се запишат на додипломски студии по Софтверско инженерство и иновации на Бреинстер Некст колеџот и да ги поминат 3 годишните студии без никакво финансиско оптоварување и со 0 денари дополнителни трошоци сé додека не дипломираат или не се вработат.

Воедно, ова е единствениот концепт за финансиска поволност за студентите кој не се базира на рангирање според оцените од средното образование и резултатите од полагањето на државната матура, туку напротив, на нивните компетенции, способности, афинитети и желба да се постигне повеќе и да се напредува.

Поради тоа, условот за да се стекне студентот со можноста да ја искористи оваа уникатна поволност е да се вклучи во квалификационо тестирање за компетенции и способности, коешто започнува денеска!

Станува збор за тест за компетенции кој е достапен на онлајн платформа на следниот линк и е отворен за сите заинтересирани започнувајќи од 26ти април па сé до 24ти мај.

Тестот се состои од вкупно 40 прашања преку кои учесниците ќе можат да ги тестираат своите способности за решавање на проблеми, логички и нумерички прашања, логички игри и прашања од општо и стручно знаење. За решавање на тестот, учесниците ќе имаат вкупно 30 минути .

Понатаму, преку персонализиран процес на селекција, највисокорангираните ќе бидат повикани на интервју пред комисија и/или он-сајт тест, по што ќе следува објавување на финалните резултати како и учесниците кои се квалификувани за упис на додипломските студии за Софтверско Инженерство и Иновации и моделот „Студирај сега, плаќај по вработување“.  Воедно, тројцата највисоко рангирани учесници ќе бидат и дополнително наградени со лаптоп, таблет и блутут слушалки.

Целта на овој процес на селекција е Бреинстер Некст колеџот да пронајде мотивирани индивидуи кои ќе го совладаат предизвикот за зачекорување во ИТ или дигиталните професии и ќе им пружи поддршка уште од самиот почеток.

Доколку сте вие дел од овие талентирани млади лица подготвени да добијат можност за студии на Бреинстер Некст колеџот преку моделот Студирај сега плаќај по вработување!, не двоумете се и земете учество во тестирањето ТУКА.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...