Дали често ви се случува вработените да доцнат на работа или да бидат отсутни без претходна најава? Не дозволувајте ваквите ситуации да го нарушат текот на работата и продуктивноста на вашата компанија!
Доцнењето на работно место веќе не се смета за проблем туку навика која голем број компании ја дозволуваат затоа што не преземаат никакви дејствија за нејзино спречување. Еден вработен што секој ден доцни по 10 минути и 10 минути порано си заминува од работа, на крајот од месецот ја чини компанијата 1 цел работен ден изгубено време.
Ова го потврди и едно неодамнешно истражување на Society of Human Resources Management (SHRM) според кое непостоењето на систем за следење на отсуство ги чини компаниите -18% пониска стапка на продуктивност, -15% помал профит и -37% пониско ниво на ангажираност, а сето ова допринесува за пад на ефикасноста на работењето на вашата компанија.
Но, имаме добра вест! Запознајте го AbSent и кажете им еднаш засекогаш збогум на проблемите поврзани со доцнењето на вработените, неуредните барања за слободни денови и непотребната админтративна работа поврзана со присуствата и отсуствата на вработените.
Што е AbSent и како функционира?
AbSent е брз и едноставен систем за следење на работно време, отсуства и годишни одмори на вработените наменет за мали, средни и големи компании кој обезбедува детелен увид од 360° за менаџментот и вработените во човечки ресурси. AbSent е направен да се приспособи на потребите на секоја компанија нудејќи ги следните можности:
Точно следење на работното време
Со AbSent, ќе имате преглед кога вработените доаѓаат и заминуваат од работа. Ова ќе ви помогне да се осигурате дека сите вработени се придржуваат и го почитуваат своето работно време.
Регулирање на работното време и паузите
AbSent ви овозможува точно да го дефинирате почетокот и крајот на работното време, како и времето за пауза на вработените. Секое отстапување од стандардните правила ќе го забележите во AbSent.
Едноставно управување со слободните денови и боледувања
Со AbSent нема потреба да размислувате колку денови за одмор има работникот. Системот автоматски ги пресметува дозволените денови за одмор според законите во земјата и/или политиката на компанијата. Вработените поднесуваат барање за слободен ден или боледување во AbSent, а одговорното лице ги одобрува или прифаќа. На крајот, AbSent автоматски ги пресметува преостанатите денови кои ги има секој вработен.
Резервирајте термин за онлајн презентација на AbSent
Три причини зошто AbSent е вистинското решение за вашата компанија
Најниска цена од само 1.5 евра по вработен
AbSent не е само ефикасен, туку и економичен. Користењето на алатката ќе ве чини само 1.5 евра по вработен и плаќате онолку колку што користите. Во цената се вклучени сите функции на AbSent.
Без договори, обврски и 0 трошоци за имплементација
Најдобриот дел кај AbSent е во тоа што нема никакви договори, обврски и обврзувања, а имплементацијата и конфигурацијата на AbSent во вашата компанија е целосно бесплатна.
1 месец бесплатен пробен период
Со AbSent, ви нудиме можност за 1 месец бесплатен пробен период. Ова ви овозможува да го испробате AbSent и да се уверите во можностите кои ги нуди за вашата компанија.
Започнете веднаш: AbSent за само 1.5€ по вработен месечно!
Доколку сметате дека е време да направите промена во начинот на кој управувате со отсуствата на вработените, AbSent ви нуди едноставно, ефикасно и економично решение. Не чекајте повеќе! Запознајте се подетално со AbSent и како тоа може да го подобри начинот на кој управувате со отсуствата во вашата компанија со клик на следниот линк.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.