Запознајте го Мартин Ристов, Maintenance Manager во Superior Dispatch Service

од 24HR

Интервју со Мартин Ристов, Maintenance Manager во Superior Dispatch Service.

Штип е место каде што може да се најде одлична работа. Потврда за тоа е успешната приказна на триесет и едно годишниот Штипјанец Мартин Ристов кој е дел од тимот на транспортната компанија Superior Dispatch Service која брои околу 100 вработени. Тој во моментов е одговорен за сегментот одржување, односно за целосна опрема на пат (камиони и приколки) на сите клиенти со кои Superior Dispatch Service соработува во САД. Тој е одговорен и за четворица вработени кои се дел од неговиот тим кој постојано расте и достигнува нови успеси. Денес, на 24HR ве запознаваме со неговата кариерна приказна, можноста за вработување во компанијата во која тој работи и кои се дел од предизвиците со кои ќе се соочите доколку станете дел од Superior Dispatch Service.

Maintenance, што значи тоа?

Maintenance, или одржување. Во нашиот случај, клиентите на кои Superior Dispatch Service им нуди услуги располагаат со 100+ камиони и приколки за кои е потребно навремено одржување/сервисирање.

Врати се во моментот кога за првпат ти била претставена оваа работа. Како си ги замислувал работните обврски тогаш и како наједноставно би ја објаснил работата на некој што сега сака да ви се придружи?

Морам да напоменам дека до тој момент јас работев како ‘’Track & Trace’’ во тимот на Afterhours Operations, така што бев колку-толку запознаен со транспортната индустрија. Инаку, бев повикан на состанок, во кој ми беше преставен нов проект, каде што јас би бил дел од тимот на Мaintenance. Нормално дека имав 1000 прашања од типот на “Што е тоа?“, ‘’Како тоа?’’ и ‘’Зошто?’’ и како ние од оваа страна на “барата“ ќе одржуваме камиони на онаа страна. Во секој случај, на сите тие прашања добив соодветни одговори додека ми траеше обуката и така се впуштив во овој нов и за мене непознат проект во тоа време. На некој што сака да ни се придружи би му препорорачал да “научи“ да слуша додека некој му го опишува дефектот, за потоа со поискусните колеги да најдат побрзо и поефикасно решение.

Во последниве 2 години сфативме дека многу работи можат да се работат remote. Но како може некој од Македонија да поправи камион во Америка?

Точно, многу работи, а ништо помалку и нашата, можат да се работат ‘remotely’ без тоа негативно да влијае на квалитетот. Ние, реално, не можеме да поправиме камион одовде, но што можеме е цел тој процес да го забрзаме до 10 пати, што е од витално значење, со оглед на тоа што секоја тура има одредено време за истовар и тој рок мора да се сфати многу сериозно. Наместо возачот сам да оди од работилница до работилница, трошејќи време и гориво барајќи некој кој може да го поправи дефектот, наша задача е online ги најдеме сите околни механичарски работилници кои можат да помогнат, стапуваме во контакт со нив и одлучуваме која ќе може да го поправи дефектот најбрзо, најевтино и најквалитетно. Но пред тоа, мораме да се информираме во најситни детали за проблемот на некој камион или приколка, а потоа со тие информации треба да одредиме дијагноза на проблемот и да најдеме баланс меѓу најевтиното и најбрзото решение. Со оваа процедура ние му заштедуваме време, гориво, пари и репутација на возачот и на транспортната компанија.

Со какви сѐ ситуации се соочувате во секојдневните обврски?

Низ најразлични ситуации, кои често се повторуваат, но секој ден носи и понекоја необична. Најчесто решаваме проблеми со потрошни делови на кои “им дошло“ времето, како и дупнати гуми, електроника и промена на масло и филтри. Би издвоил некои посложени ситуации од типот на несреќи на пат, проблеми со моторот, инјектори, дефект во пуст предел каде што наоколу нема ни куќи, а не механичарски работилници, итн. Одвреме-навреме имаме и по некој “бисер“, како ‘’Мислев дека ќе стасам до следната бензинска пред да снемам гориво. Извини.“ 

Која е почетната позиција во вашиот департман и кои скалила треба да се искачат за да се достигне менаџерска позиција? 

Почетна позиција во овој сектор е Maintenance Support – тоа е еден вид на entry level позиција со ротација на смени надвор од нормалното работно време во Америка. Следно скалило е Маintenance Fleet Coordinator па потоа следува позицијата на Maintenance менаџер. На крај има некој што ја надгледува целата операција во нашиот сектор.

Што го прави еден Maintenance менаџер успешен?

Успешен Maintenance менаџер постојано комуницира со неговиот тим, задава таргети и планира детално на неделно и месечно ниво со цел да ги намали трошоците за поправки. Доколку опремата се сервисира навреме и според план, многу помали се шансите да излезе некој непланиран дефект на пат, а воедно и поголеми финансиски проблеми. Успешен Maintenance менаџер секогаш е чекор пред проблемот.

Кои се pros и cons на работата во Maintenance секторот?

Pros – се работи remotely од канцеларија, под клима, без никаква потреба од теренска работа и одржување опрема со чисти раце. Cons – ако може така да се каже, дека од време на време може да биде стресно, но ситуацијата секогаш може да се реши доколку се реагира навремено и одговорно.

Какви квалификации се потребни за да ви се придружи некој во тимот?

Пред сѐ тимски играчи, амбициозни, упорни и посветени во работата со желба за брз прогрес. Спремни за решавање на ситуации со ладна глава на места каде што ‘’гори’’ и да се извади максимумот во позитивна смисла. Предност имаат тие што имаат одличен англиски и имаат основно автомеханичарско познавање. Од наша страна ние ќе им ги овозможиме сите програми и алатки за помош во оваа работа, а нивно е да ги искористат тие ресурси.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...