Злато за Петар Заборски и две бронзи за каратистите на Макпетрол на европската универзијада

од 24HR

Нов европски универзитетски карате првак е Петар Заборски од скопски „Макпетрол“. Во финалето во категоријата под 75 килограми на Eвропското универзитетско првенство за боречки спортови во карате во Загреб, тој славеше со 2-0 против Константин Јаненко од Украина.

За студентот на безбедност на Универзитеот „Свети Климент Охридски“ од Битола ова е втор златен медал во третото студентско финале. Во Коимбра, Португалија, 2015 година, тој освои златен медал, а во Загреб 2017 се закити со сребрено одличје.

Членовите на карате-клубот „Макпетрол“, Давид Петков и Петар Спасеновски, исто така, освоија медали на реномираниот спортски собир во Хрватска. И Петков и Спасеновски се закитија со бронзени признанија во своите категории. Давид Петков се избори за бронза откако славеше против Словакот Матеј Хомола. Петар Спасеновски (-84 кг) се пласира на третата позиција откако го совлада Леон Марциуш од Хрватска.   

На Eвропското универзитетско првенство на боречки спортови, што се одржа во Загреб, учествуваат 1.500 спортисти од 395 универзитети од 30 европски држави. Освен во карате, се одвиваат натпревари и во џудо, таеквондо и кикбокс

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...