Автор:Анета Коробкина Мастер-тренер, автор на книги и спикер:Сервисно лидерство
После издавањето на моjата втора книгата сакав читателите да имаат можност не само самостојно и преку игра во група, кој воедно како техника е многу посилна од индивидуалното, да работат на себе и да ги подобрат меѓучовечките и професионалните односи.
Играта ќе ви помогне вам и на вашот тим или вашите пријатели осознано да почнете да размислувате за своите квалитети, каде сте сега и како може да се подобрите.
„15 квалитети за работа со луѓе“ е игра дизајнирана да поттикне дискусија и размислување за 15-те клучни квалитети кои ги подобруваат меѓучовечките и професионалните односи. Може да се користи во активности за градење тим, работилници или образовни семинари.
Цел:
Примарната цел на играта е да се идентификуваат и дискутираат важните квалитети кои придонесуваат за ефективна соработка и позитивни интеракции со другите. Таа има за цел да им помогне на учесниците да го разберат значењето на овие квалитети и како тие можат да се подобрат.
Материјали
– Табла за игра со стрелка: Области што претставуваат различни квалитети и стрелка што се врти.
– Картички за квалитет: картичките со 15 различни квалитети напишани на едната страна, а прашањата поттикнуваат саморефлексија и дискусија на другата страна.
– Тајмер: За следење на времето за дискусија за секое прашање (3 мин.)
– Работна тетратка со дополнителни индивидуални активности (5 на секоj квалитет) и коучинг прашања.
– И секако моја поддршка
Придобивки
– Засилено разбирање: Учесниците стекнуваат подлабоко разбирање за суштинските меѓучовечки квалитети.
– Подобрена динамика на тимот: поттикнува подобра комуникација и соработка во тимовите.
– Личен раст: Поттикнува саморефлексија и личен развој во однос на работата со другите.
Сакате да дознаете повеќе за играта?
Кога: 25.09.2024 (среда)
Каде: Moia Cafe, Борис Траjковски сала
Време: 17:30-19:00 часот
Ке може лично да поиграте и да ги видите бенефитите од истата.
Учеството е бесплатно, но со здолжителна регистрациjа, зошто местата се ограничени.
Регистрациjа на евентот по линкот https://forms.gle/khH8RQcahYUjnnTR6
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.