Правило од 85%: Како да бидете најдобри во вашата работа?

од 24HR

Трикот е да се работи со капацитет од 85%, наместо 100%.

Многумина слушнале за Карл Луис – легендарниот американски атлетичар кој Меѓународниот олимписки комитет го прогласи за спортист на 20-от век. Познат под прекарите „Кралот Карл“ и „Син на ветрот“, Карл освои дури 9 златни и 1 сребрен медал на четири олимписки игри. Но веројатно се прашувате што бара еден атлетичар во статија за човечки ресурси?

Неодамна во шоуто на Тим Ферис гостуваше познатиот актер и продуцент Хју Џекмен кој ја раскажа приказната за спринт тренерот на Карл Луис која може да го трансформира начинот на кој гледаме на работата.

Имено, тренерот не можел да разбере зошто Луис секогаш бил на последното или претпоследното место по првите 40 метри, а потоа го освојува спринтот на 100 метри.

Некои луѓе претпоставуваа дека Луис едноставно е бавен стартер кој ја зголемува својата брзина на крајот. Но, откако ги погледнал снимките од трката од различен агол, тренерот забележал дека тоа не е точно.

Она што го сфатил неговиот тренер е дека Карл Луис останал смирен дури и кога ја поминува ознаката од 50 и 60 метри. Неговото дишење останало непроменето. Неговото темпо останало исто како помеѓу 25 и 50 метри. И додека сите други почнуваат да го чувствуваат притисокот и прават уште поголем напор, Карл Луис едноставно остануваше смирен и потоа ќе провиореше покрај своите противници.

Оваа стратегија, истакна Џекмен, стана позната како правило од 85%. Како хроничен воркохолик склон кон стрес и согорување, тој вели дека го користи ова правило за да работи подобро, да пронајде нови идеи и да го „разлади“ пеколот.

Тоа може да биде изненадувачки тежок предизвик со оглед на тоа што не секој може да го контролира своето темпо и да го задржи на одредено ниво – особено сега кога толку многу фактори се неизвесни. Но, важно е да се знае дека константното работење со полн капацитет работи против вас. Кога вашиот ум е опуштен, вие сте во можност да креирате подобри и попромислени резултати.

Тајната е во тоа да се обидете да го идентификувате она што е суштинско за вас и да го намалите остатокот од активностите до тој степен што тоа нема да биде штетно за вас и другите околу вас. Научете се да одбивате работи кои не се добри за вашето време и пронајдете време за одмор во вашиот работен ден или кариера. Едноставно, пронајдете начини за понекогаш да се потсетувате себеси кога е време да забавите.

0 коментар
0

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...