Емпатијата како фундамент во градење на позитивна компаниска култура и зголемена ангажираност на вработените

од 24HR

Колумна на Неда Спасевска – Менаџер за Човечки ресурси во Xessable.

За тоа како изгледа идеална култура во работните организации има бројни истражувања и насоки.

Некои од работодавачите под претпоставка дека културата во една организација каде за поголема ангажираност на своите вработени ги избираат притисокот и компетитивноста во градење на својата култура е заблуда. Веројатно на краток рок може да покаже дека е успешна метода во смисла на краткорочна мотивација на вработените.

Но според Американскиот институт за Стрес некои бројки покажуваат дека при долгорочно изложување на вработените на притисок со цел да бидат покомпетитивни и да имаат подобра перформанса, води до резултат на зголемен стрес кој е одговорен за дури 80% од заболувањата и незгоди на работните места, кои се јавиле кај вработени кои биле анкетирани.

Сериозен податок сметајќи дека здравјето е најважно од сѐ.

Како еквивлент на ова се скриените трошоци за работодавците кои не ги сметаат во цената. На пример колку чини да имате неангажирани вработени, лош квалитет во работењето, недостаток на лојалност и секако одлив на кадарот. За цената на обука и повторно регрутирање на кадар кој треба да се замени,  ни е познато колку одзема од буџетот за една организација.

Иако користењето на бенефиција која се нуди е флекси работно време, како поттик на ангажираноста не е доволна. Добросостојбата или познато како well-being на вработените е клуч до посреќни и поангажирани вработени, а тој доаѓа од позитивна култура.

Последнава година приоритет се агилност и усовршуавање на меки вештини кои менаџерите и раководните лица треба да ги усвојат доколку сакаат да ја задржат или изградат својата култура во која сите ќе се негува разбирање, добросостојба.

Дали можеби сѐ уште ја паметите личноста која ви била шеф, директор, колега кој некогаш ви подал рака, а притоа не сте побарале помош? Сега е вистинска шанса за оние кои ги водат компаниите да можат да излезат од замислената траса на однесување и делување, а притоа да издвојат време да ги охрабрат своите вработени да поразговараат за нивите проблеми. Да имаат развиено високо ниво на емпатија.

Како последица, кога луѓето може да препознаат дека се слушнати и разбрани, и дека се работи за нивен најдобар интерес, самите вработени може да бидат инспирирани и тие да делуваат емпатично кон своите колеги. Преку емпатија учиме за другите и за себе, кога полесно се разбираме и слушаме, така растеме и градиме подобра работна средина, и култура во која процентот на ангажираност од страна на менаџментот, но и од страна на вработените ќе биде во нагорна линија.

За авторот:

Неда Спасевска е Менаџер за Човечки ресурси во Xessable. Има над 15 години искуство во администрација и ИКТ секторот, а од 2015-та работи во областа на Човечките ресурси во оутсорсинг работни средини. Од 2019 е активно вклучена во сите стратешки процеси поврзани со Човечките ресурси во компанијата Xessable, а нејзин предизвик и фокус е регрутација и развој на вработени.

0 коментар
1

Related Posts

Остави Коментар

Веб страната користи колачиња за подобро корисничко искуство. Претпоставуваме дека сте во ред со ова, но како опција можете да не ги користите. Прифати Повеќе...