Мисијата на Интертек е да обезбеди здрава и сигурна околина за највредниот капитал – вработените!
Работата е место каде што луѓето го поминуваат поголемиот дел од своето време, дури и кога се работи за „работа од дома.“ За некого ова „наметнато“ работење од дома можеби претставува практичност во секојдневното фунционирање како и намалени трошоци за превоз или време за патување од дома до работа и назад.
Сепак во време на пандемија и неизвесноста со одвивање на истата, како компанија бевме свесни дека овој „наметнат“ начин на работа може да има огромно влијание врз менталната физичката и емоционалната здравствена состојба на нашите вработени.
Ова и беше една од најголемите причини поради која во Интертек превземавме навремени чекори за дополнителна поддршка на вработените во насока кон справување со потенцијални предизвизци во време на „работа од дома.“
Комуникацијата на 1:1 состаноците помеѓу вработените и претпоставените вообичаено служи за следење на тековните обврски и споделување насоки во работењето. Но, поради новиот начин на работење, изминатата година покрај тековните теми на разговор, на 1:1 состаноците се одвојува и време за искрен разговор за тоа како се чувствуваат вработените тековно и се нуди дополнителна помош.
Охрабрување за привремено земање на слободен ден од страна на менаџментот се советува секогаш кога ќе се насети потреба. Сите вработени во Интертек имаат 24 платени неработни дена во текот на годината, покрај почитувањето на официјални празници и неработни денови во Македонија.
Баланс меѓу работата и животот не е само флоскула од учебник по менаџмент. Во Интертек навистина се цени службеното и приватното време. Работниот ден трае 8 часа со овозможена пауза од еден час која вработените имаат прилика да ја искористат во термин по нивен избор.
Воведување на велнес-програми е уште еден начин кој придонесува за зближување на вработените и создавање на позитивна атмосфера.
За ослободување од стресот, подобрување на држењето и урамнотеженоста во одморот, храната и спиењето, за вработените се овозможени јога сесии со искусен инструктор два дена во неделата.
Физичката активност особено во услови на ограничено движење е исто така многу важна. Поради тоа при крајот на минатата година, започнавме со програмата „вежби за цело тело“ која ја спроведува докажана инструкторка и која овозможува енергично размрдување на целото тело после 8 часовно седење пред компјутер.
Да се задржи духот, синергијата и дружењето меѓу колегите претставува вистински предизвик во време на работа од дома. Од друга страна, поради зголемениот компаниски раст од 40% само во последната година, запознавањето и социјализирањето со новите колеги е уште еден предизвик плус. Овој предизвик го решивме со овозможување на виртуелен социјален простор. Дневните кафе-шеми кои порано се случуваа во нашите канцеларии, ги преместивме во виртуелна соба во која се среќаваме на разговор и опуштање од секојдневните обврски.
Тоа што пред пандемијата беше beer o’clock, најпопуларната петочна после работна дружба, сега го преиначивме во виртуелни петочни дружби со различни активности. Некои од колегите имаат прилика да ги прикажат своите кулинарски вештини, налик на кулинарско шоу. Интернетот пак овозможува софтвери за квизови, игри и останати забавни активности кои ги користиме во функција на безбеден начин да ги одржиме и зајакнеме тимовите. Додека некогаш, едноставно без посебна агенда се опуштаме од неделните обврски на групен видео повик во петок по завршување на работниот ден.
Локациски, Интертек се наоѓа во центарот на градот со оддалеченост од градскиот парк од само две минути и пешачка одалеченост од 10 минути до секоја точка. Деловниот простор нуди пространа и отворена работна околина со индивидуални работни штандови, повеќе простории за состаноци и конференции, простории за релаксација и игри заедно со кујна и тераса на покрив, овозможува сигурна и безбедна работна средина и можност за работа од канцеларија, и покрај тоа што е оставено на избор и препорачано на вработените работа од дома до крај на пандемијата.
Стимулирање на практикување рекреативни спортови е дел од духот на Интертек. Огромен број од вработените се вљубеници во велосипедизмот што е инспирација и за вториот по ред #Cycle4Charity хуманитарен настан од отворен карактер, на кој се поканети сите што сакаат да учествуваат и да им помогнаат со своја онлајн донација на оние на кои им е најпотребно. Повеќе информации за настанот, кој ќе се одржи на 15 април може да најдете на овој линк.
Дополнително, за сите оние кои ќе решат да доаѓаат на работа со велосипед како основно превозно средство, Интертек има обезбедено рампи за безбедно чување на точаците во текот на работниот ден.
Како компанија, нашата култура е сконцентрирана околу луѓето и нивниот професионален и личен развој, транспарентна и искрена комуникација, со крајна цел дека работата треба на сите да ни претставува едно големо задоволство. Фокусот на добросостојбата на вработените, освен што е основна хумана обврска го намалува чувството на изолираност, анкциозност и синдромот на согорување кај вработените, што неминовно доведува до оптимална продуктивност.
Креирајки поздрави и посреќни вработени нашата мисија и понатаму останува да обезбедиме здрава и сигурна околина за највредниот капитал – нашите вработени.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.