24HR споделува 5 совети со кој ќе составите добар оглас за работа кој ќе ве приближи еден чекор поблиску до ангажирање на вистинската личност во вашата компанија.
Честопати се случува да не правиме разлика помеѓу оглас за вработување и описот на работното место, па како резултат на тоа да имаме монотона и сувопарна содржина која не ги привлекува вистинските кандидати. 24HR споделува 5 совети
Целта на огласот е да го освои интересот на кандидатите за вашата организација, тим, локација и сите други работи што ја прават вашата компанија одлично место за работа. Описот на работното место го користиме за да обезбедиме детална листа на задачи и очекувања од кандидатите што компанијата ја користи за интерни потреби.
Добар оглас за работа не само што ќе привлече одлични кандидати, туку и ќе ив помогне во напорите за градење на бренд на вашата компанија како работодавач. Ова се неколку работи на кои треба да внимавате кога составувате огласи за работа:
Клучни зборови
Пред да започнете да ја пишувате содржината на вашиот следен оглас, направете краток преглед на огласите кои ги објавува вашата конкуренција. Исто така, добро е да ги погледнете клучните зборови кои кандидатите ги пишуваат во своите апликации, а доколку станува збор за нова позиција истражете кои клучни зборови најдобро го опишуваат работното место.
Користењето на клучни зборови не е само техничка финеса, туку им помага на кандидатите полесно и подобро да проценат дали нивниот профил одговара на отворената работна позиција.
Интересна содржина
Формалните огласи се историја. Сè поголем број компании внесуваат сензационализам и атрактивност во воведниот пасус за да го привлечат вниманието на кандидатите и да ги натераат да продолжат со читање на целата содржина во огласот. Тоа е повеќе или помалку слично на стилот кој се користи во новинарските текстови за да се натераат читателите да го прочитаат целиот напис.
Што се однесува на главниот текст, користете не помалку од 5 потточки за да ги опишете клучните одговорности кои кандидатот треба да ги очекува на работното место.
Детали, компензација, бенефиции…
Огласот за вработување е комплетен кога вклучува и информации за работното време, опсегот на плата, финансиски и нефинансиски бенефиции, проекти, можности за образование, надоместоци итн. Една статистика на порталот Jobsite покажува дека огласите кои не содржат информации за плата добиваат од 25 до 35 проценти помал број на апликации.
Локација
За многу луѓе патувањето може да претставува проблем. Ако сакате да привлечете луѓе од други градови, треба да го продадете вашето работно место на правилен начин. Затоа, бидете сигурни дека ќе споменете колку е лесно да се дојде до вашата канцеларија и оттаму да се патува до други клучни области.
Кандидатите кои ќе бидат заинтересирани за позицијата ќе сакаат да работат на локација која е оддалечена најмногу 30 минути од клучните области во градот.
Зошто да ве одберат вас?
Еден важен сегмент кој голем број компании не го комуницираат во своите огласи за работа е всушност делот каде што треба да стојат причините зошто некој кандидат треба да ве одбере токму вас. Препорачливо е во неколку потточки да ги доловите вистинските причини, односно бенефити кои кандидатот ќе ги има доколку одлучи да ја започне својата кариера во вашата компанија.
Запомнете дека тајната на ефективните огласи за вработување е во тоа што ги содржат сите потребни информации за работата кои се искомуницирани на што е можно поинтересен и покреативен начин кој ќе биде лесно разбирлив за вашиот идеален кандидат.
Со овие совети, вие ќе можете да составите добар оглас за работа кој ќе ве приближи еден чекор поблиску до ангажирање на вистинската личност во вашата компанија.
Доколку преземете содржина (статија или оглас) од 24HR задолжително наведете „Извор: 24HR“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено тука.